Media & Marketing Blog

Сега е интересното

МтНет ги промени т.е. ги овозможи и старите пакети. Тука се заврши дел од работата. Навистина секоја чест на момците задолжени за р-Еволуција.

Но прашањето и битката токму сега почна да се отвара. Што понатаму?
Сега, откако се интернет корисниците (читај зависниците :0) докажаа дека се глас во државава, треба да се посвети внимание на прашањето што понатаму во поглед на развој на интернет културата во Македонија.

GoodBytes прави анализа на интернетот низ македонска призма

Јован посочува на Максимална дезориентација

р-Еволуција вели: Битката е добиена но р-Еволуцијата продолжува, и веднаш (паметно) излегуваат со соопштение до јавноста, се разбира колку да не остават МтНет да доминира низ весниците објавувајќи победа. (Време)

Според мене сега откако јавноста е навлечана на овие информации треба да се искористи моментот и да се продолжи расправата на темите поврзани со интернетот и сиромашниот македонец, теми сврзани со моќта на блоговите (или општо дигиталните медиуми), и ред други вакви слични проблеми и ли непроблеми 🙂

Сега останува на нас корисниците да покажеме зошто толку ни е потребен овој медиум. да покажеме дека не ни се потребни само најновите филмови и серии, туку има нешто многу повеќе од тоа.

Сега треба да го оневозможиме МтНет друг пат интернет корисниците да ги поистоветува со пиратите.