Media & Marketing Blog

За твитерашките виолетовата е новата розева

Дали некогаш сте се запрашале кои бои ги употребуваат Twitter корисниците ширум светот на позадините на своите твитер профили? Ни јас. Ама кога ги погледнав резултатите од најновото истражување на твитер корисниците ми остана ептен во фокус овој дел.

Како што заклучиле истражувачите, кај жените дефинитивно виолетовата е новата розева, кај мажите… темнициииииииии.

А сега, нешто посериозно

beevolve изработиле навистина темелно истражување во кое исцрпно ги анализираат глобалните Twitter корисници. Еве на кратко пресек за тоа како изгледа просечниот твитер корисник:

Корисникот е малку повеќе женско и најверојатно живее во Америка. Таа најверојатно има помалку од 50 следачи (followers) а исто така следи помалку од 50 корисници. Таа најверојатно е под 25 години, иако само помалку од 1% од Twitter корисниците јавно кажуваат години. И секако, без изненадување, оние кои повеќе твитаат имаат повеќе следбеници.

Истражувањето е направено на база на 27 милиони корисници кои испратиле повеќе од 28 милијарди твитови, а една четвртина од нив не твитнале ниту еднаш.

Разгледајте ги деталните статистики на: An Exhaustive Study of Twitter Users Across the World и очекувајте за некое време (при крај на следниот месец) нешто слично и за нашата твитер заедница :).