Media & Marketing Blog

Онлајн новинарство

КАПИТАЛ: Македонија нема вистински информативни веб страници, нема онлајн редакции ни вистинско известување на Интернет. Користењето на Интернет е релативно слабо и скапо. Но, ваквата ситуација може бргу да се промени. Сe што е потребно се Интернет пристап, компјутер, визија и креативност.

Оваа последнава реченица ептен оптимистички делува. Уште да ги решиме тие проблеми и готово. Сепак не треба да бидеме скептични и контра ваквите потези, напротив максимално треба да ги поддржуваме и потпомагаме.

Овој коментар ќе го напишев и пред некој ден но Мијалче го коментираше и тоа беше сосем доволно.

Но денес наидов на еден текст кој ме инспирираше да презентирам една идеа. Насловот на текстот е Some blogers meet the bosses from big media.

Во глава ми се вртат и некои конкретни работи но сега засега нека остане вака.

Инаку на оваа тема викендов имаше текст и во Форум Плус. Таму авторот имаше краток извештај за семинарот, дел за блогирањето и дел беше изјава на Трендо од ОнНет. За жал во моментов го немам весникот пред мене а Форум престанаа да ги публикуваат текстовите на нивната веб-страницца.