Media & Marketing Blog

Иднината на медиумите е во нивната интеграција

Брзиот развој на медиумите и комуникациските технологии, често нè наведува на помислата како ќе изгледаат тие по 10, 15, 20 години? Најчесто развивањето на технологиите подлежи (или барем така беше до сега) на исклучиво влијание на креативниот ум на поединци од компаниите кои инвестираат во развојот на медиумиите и комуникациските средства.

Во нешто поскорешниов период, а ќе биде сè поочигледно во иднина, креативните поединци ќе бидат во втор план за сметка на барањата на самите корисници (кои повеќе не се ни публика, ни јавност, ни механички потрошувачи на производите и услугите).
Она што новите медиуми и доцно-капиталистичката реалност нè научи е дека корисникот е тој кој диктира во кој правец ќе се одвива самиот развој на медиумите и технологиите.Internet TV
Ако е оваа претпоставка точна (делумно или целосно), тогаш полесно е да се предвиди стратешкиот правец на споменатиот развој и иднина. Тоа ќе биде правец на интеграција на различните технологии и услуги кои ќе бидат на дофат на рака на корисникот кој (ќе) сака да има целосна контрола над пласираните содржини и услуги.
Новиот корисник ќе може да гледа/чита/слуша што сака во време кое нему му одговара, во период кој нему му е погоден и ќе може да ги контролира самите содржини во смисла на препраќање, едитирање, споделување, препорачување, коментирање и сл.

Времето во кое медиумите ќе се тепаат за некој термин ќе замине во историјата, затоа што корисникот кога и да седне истiте содржини ќе му бидат достапни во менито на медиумите како менито на рестораните, па по желба ќе конзумира и менаџира што сака. Ваквата иднина подразбира целосна дигитализација на содржините и интеграција на аудио-визуелните технологии (ТВ пред сè) со онлајн содржините. Како би изгледало тоа?

Нешто налик на ова веќе присутно во случајот на „Нова ТВ“: сите содржини онлајн кои по желба и по свој избор може да си ги гледате кога сакате. Следниот чекор би била интеграција на ТВ со компјутерот во еден домашен уред кој ќе биде поврзан онлајн и на кој ќе бидат достапни сите содржини овозможени преку широкопојасен интернет.

2 коментари на “Иднината на медиумите е во нивната интеграција”

  1. Darko Buldioski

    Интеграцијата на некои нивоа веќе е направена во некои делови од светов повеќе во некои помалку. Дигиталните содржини почнуваат да надвладуваат, а веќе имам пријатели кои по дома комадуваат се преку компјутер (некој мал, скриен во ќош).

    Богерите го започнаа трендот да жонглираат (и да зависат од) содржината на трад. медиуми. Актуелнава фаза е проширување. Создавање на позиција во која потрошувачот (сега наречен активен конзумер и прозумер или граѓанин новинар или народот порано познат како публика) ќе креира своја програма од веќе понудените опции.

  2. radmilaZ

    Ova beshe nekako logicna posledica na razvojot. Samo se nadevam deka vo moznosta sami da si ja kreirame mediumskata programa, kje imame povekje slobodno vreme da posvetime na ostanatite aspekti od nashiot zivot. Nekako se e ambivalentno, i dobro, novo, konecno mojot izbor slushnat i kreiran od mene samata, od drugata strana, pasivizacija, sekogash servirano…

    Povtorno i ovde, vo odnos na televizijata, treba da se razviva eden kriticki odnos kon sodrzinite, a ne samo da se zgolemi gladot za mediumska sodrzina ushte povekje.

    Ali da, se sloglasuvam so ovoj koncept preku koj konecno kje si go rascistam mediumskiot prostor. Izbor e da, no i ovoj pat serviran. Go izgubivme osetot za iznenaduvanjeto, trpelivosta i nepredvidlivosta. Mec so dve ostrici, i go biva i ne odi. Ali se tera i go olesnuva zivotot itekako usluzuvajki go mnogu povekje otkolku kreirajki go.

Коментарите се затворени.