Media & Marketing Blog

Генерално за е-Општество.мк

Како што реков во најавата еве го вториот пост кој е сврзан со денешна конференција.

Генерално имам неколку забелешки кои уште пред да отидам претпоставував дека ќе бидат недостаток.

Се однесува за бројот на (според мене погрешно наречените) воведничари во темите. За секоја сесија имаше по минимум тројца (да напоменам уште еднаш јас бев само на првите две) што навистина е премногу за 50 минути, земајќи предвид дека организаторите според теминологијата (претседавач, воведничари) имале намера ова да биде повеќе дебатна конференција.

Уште една работа која не ми се допадна генерално беа презентациите на воведничарите. Јас искрено верувам дека сите тие кои имаа спремено презентации се стручњаци во областите во кои делуваат и тука нема никаков приговор. Но, дали нивната публика беа деца од трето одделение? Мислам не. Навистина во Македонија малку луѓе се упатени во темите кои е дискутираа денес на оваа конференција, но за војла на вистината најголем дел од тие кои се упатени беа таму. Доколку овие презентации се пренесуваа на ТВ или Радио тогаш би можел да сфатам зошто имаше потреба да се објаснуваат некои многу основни поими, и случувања.

Очекував дека расправата ќе се одвива не едно повисоко (постручно) ниво, и дека ќе се допрат некои реални конкретни прашања. Ова мене ми личеше на глумење лудило од двете страни. И тие што презентираа и ние што слушавме. (ова не се однесува на сите презентации)

Молам да не бидам сфатен погрешно. Свесен сум колку е тешко да се организира ваква конференција но освен фамозните 10-12 % интернет пенетрација (А1 – интегрално прекопирано од МИА) Македонската јавност нема да дознае ништо повеќе. Токму затоа сметам дека ваквите здружувања во иднина трба да бидат поконкретни и попрагматични.

И уште нешто на сам крај. Денес требаше да зборуваат 25 луѓе на исто толку број теми, и сето тоа од 9 до 15. Нели е подобро да се концентрира се на една или две теми со што на крај би се постигнал некој конкретен резултат.

Се надевам дека локалните трибини барем овој последниов дел од ова мое мрчење ќе го претворат во неоснован приговор. 🙂

Сигурно ќе бидам на таа во Скопје, за другите не сум сигурен.
Па очекувајте известување и тогаш.

Додадено на 21.10 Новица за е-Општество.мк и Арангел за е-Општество.мк