Media & Marketing Blog

Преглед на првата сесија

За претсесијата наречена Поздравен говор и отварање можете да прочитата во извештаите на традиционалните медиуми (А1) (на ова ќе се вратам со трет пост во оваа серија)

Првата сесија беше на тема – слобода на медиумите на интернет

Претседавачот Зоран Андоновски во кратката најава со неколку зборови ги опиша условите со кои денес секојдневно се справуваме и притоа во овие неколку зборови го вметна и зборот блог 🙂

Прв воведничар беше господинот Арно Аморо експерт, канц. на Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите. Тој ја претастави работата на својата организација и потоа продолжи со претставување на неколку основни принципи за слободата на медиумите
– Интернетот е инфрастуктура а во него има медиуми – рече тој и напомена дека пред да се разгледува било што прво треба сe направи разграничување меѓу легалната и нелегалната содржина.
Преку неколку примери посочи за конкретните проблеми со кои може да се соочи Македонија и на крајот ја посочи интернет страницата на неговата организација OSCE Representative on Freedom of the Media, каде можат да се најдат подетални информации за нивната работа

Втор воведничар беше господинот Роберто Беличанец. Тој најголемиот дел од својата презентација го посвети на членовите и одредбите од европските закони кои гарантираат слобода на човековите права, нивните можни преклопувања и контрадикторности.
Во вториот дел од презентација посебно внимание посвети на дигиталниот јаз како глобален проблем, посочувајќи на можниот светски поредок кој би се случил доколку не се надмине овој јаз. На крајот од својата презентација напомена (со право) дека во Македонија слободата на говорот всушност и не претставува проблем, туку токму дигиталниот јаз е вистинскиот проблем. И притоа се разбира не пропушти а да не спомне дека Македонија има 10% интернет пенетрација.

Трета во оваа сесија беше г-а Данче Даниловска – Програмски координатор, Програмата за слобода на информациите, ФИООМ, која според мене ја имаше темата промашено комплетно. Имено таа презентираше со која правна рамка Македонија ја регулира слободата на пристап до информации. За макотрпната заложба на ФИООМ за имплементирање на овој закон и за пречките со кои се соочувале во 2,5 годишната работа. Се разбира темава не дека не ја бива туку тука не и е местото. Се надевам дека низ весниците можете да се информирате на оваа тема.

Последниот воведничар во оваа тема беше Зоран Бојаровски заменик главен уредник на Форум плус, предавач во Македонскиот институт за медиуми (МИМ). Лично мислам дека неговата презентација беше единствената која ја погоди темата на оваа сесија. Тој тргна од неколкуте неусвоени акти за пристојност во онлајн комуницирањето кои биле предмет на расправа во средината на деведесетите години на минатиот век во САД. Овие акти не биле усвоени но самата дебата која се развила околу нив ја постигнала целата. Во продолжение Бојаровски пренесе и неколку ставови и искуства на борците за правата на Слобода на медиумите на интернет.

По презентациите на сите воведничари остаоткот од времето, скромни 5-10 минути, беа наменети за дискусија.

(При читање на текстов имајте предвид дека
не сум новинар и дека ова го правам со ентузијазам 🙂