Media & Marketing Blog

Растејќи онлајн

Документарецот на Frontline, Growing Up Online, од 2008, вреди час од вашето внимание. Повеќе детали подолу:

In Growing Up Online, FRONTLINE takes viewers inside the very public private worlds that kids are creating online, raising important questions about how the Internet is transforming childhood. “The Internet and the digital world was something that belonged to adults, and now it’s something that really is the province of teenagers, ” says C.J. Pascoe, a postdoctoral scholar with the University of California, Berkeley’s Digital Youth Research project.

8 коментари на “Растејќи онлајн”

  1. radmilaZ

    Прекрасно видео, посебно затоа што е вклучена и една од истражувачите кои посебно ги ценам а тоа е Danah Boyd. Шо да ви кажам, ме погодивте во живец. Баш сега спремив едно мало истражување на темата Младинска онлајн култура на социјализација со осврт на сајтовите за социјално вмрежување. Во исто време подготвувам и блог youthonline, па време е да го започнам.

    Интернетот е неминовен аспект од животот на младите. Новите нет генерации ќе го користат како што постарите го користеле пенкалото. Така тие ја разбираат комуникацијата и ја реализираат. Затоа пак ќе го потенцирам она што и Данах го споменува во ова видео, не е битно повеќе прашањето на одобрување или неодобрување на Интернетот туку како се учиме себе си и младите како да живеат во општество во кое овие можности се фундаментални за опстанокот на истото.

    на ова го надоврзувам она што и Ана Колиер го нагласува а се однесува на промена на перцепцијата на возрасните на нивните деца од жртви на технолошкиот развој во активни учесници.

    Едно е евидентно, реалноста на младите преку онлајн активностите само се публикува интензивно, т.е онлајн активностите не се некој нов феномен, тие се реализација на офлајн блокадите и процесите на идентификација во општеството. Кај младите кај кои беа овде напоменати како жртви на cyberbullying јасно е дека постоел претходен реален проблем кој се интензивирал преку социјалните онлајн мрежи. Во тие случаи, родителите се парализираат и не знаат како да реагираат, и најчесто го забрануваат она што и на нив не им е јасно.

    Има многу да се коментира, ама се надевам дека дискусијата ќе ја отворам и на гореспоменатиот блог. Ветувам

    Благодарам за информацијава. Како секогаш, екипа и пол.

  2. sead93

    Радмила, ептен ти фала за инспиративниот коментар! 🙂 Бидејќи имаш многу повеќе искуство на оваа тема, ако имаш слични материјали или линкови, пиши ни, или пак ако сакаш да приложиш или напишеш нешто на темата секогаш си ни добродојдена. Пред некој ден гледав интересен „сет од видеа“ 🙂 http://tinyurl.com/55yxx2 со Меклуан каде вели дека физиката на самите електронски медиуми ја детерминира психологијата на новите генерации ученици. Види ги па ќе дискутураме и потоа 🙂

  3. darko156

    Ooo Радмила па ти имаш бајаги новости во најава, ова се одлични вести. Ајде почни да блогираш. 🙂 побрзо 🙂

    И добродојде во листата на почитувачи на ликот и делот на Дана 🙂

Коментарите се затворени.