Media & Marketing Blog

Кој тоа нас не информира на интернет?

Во презентации, кога зборувам за трансапрентноста која мора да ја имаат вградено денешниве онлајн информативни (news) медиуми, со задоволство ги прикажувам празните страници на некои од познатите локални веб дестинации. Вчера, во еден неврзан муабет со еден пријател повторно ја отворивме темава и ме инспирираше да направам уште една прошетка низ нашите ни информативни сајтови.

Photo: http://www.jansen-communications.deВо постoв ќе пишам збор два за тоа што имаат или немаат различни сајтови во свoите импресуми, но пред тоа ќе се обидам да укажам зошто импресумот би требало да е важен. Сум ги читал овие работи во книги… за жал не најдов некој пригоден линк на темава (да бидам искрен и не барав долго…. ако има некој нека остави во коментар, ќе дополнам). Патем, на Wikipedia има фин напис за Impressum, односно за неговото германско потекло и употреба.

Според некои етички правила, прописи, принципи а во некои земји дури и закони за да може да биде еден гласник медиум (најчесто се мисли на традиционален, масовен медиум) мора да има објавено импресум, односно листа на одговорни правнии физички лица кои го создаваат тој медиум. Ова кај нас важи за дневните весници, за телевизиите и за радио вестите. Иако не е баш за сите пропишано.  Интернетот, да е жив и здрав како што не е регулиран отвара простор за уште една дискусија. Кој е сега медиум… што сега значи медиум… па масовен или не… па импресум или не? Долга би требало да е оваа дискусија, ама не ми е целта неа да ја разглобувам. Едноставно, мислам дека секој посериозен информативен сајт (особено ако се третира себе како влијателен или посетуван) мора да има јавно објавено импресум.

И конечно, еве каква е ситуацијата кај нас. Си отворив јас страницата со извори на Time.mk и си искликав на инфорамтивни САМО ОНЛАЈН медиуми. Па со ред:

Кирлица: нема импресум…. веќе годна и пол ако не и повеќе таа страница стои комплетно празна.
Нетпрес: имаат страница која се вика За нас и во неа има наведено Директор и главен и одговорен уредник
Инпрес:
нема ни трага ни глас од стрница со вакви податоци
eРепортер: имаат страница За нас и во неа пишува кои се основачи на агенцијата… не е баш импресум
Курир: едни од ретките каде има детална листа со контакти на одговорини лица
VOX: (ми улета, прв пат го гледам) Страната е во изработка!
Макфакс: Си имаат уреден долг список на одговорни луѓе
МКФондови: Има За нас ама нема ништо налик на импресум внатре
SETimes: Нема ниту едно име во делот За Нас

Ако сум испуштил некој слободно пријави во коментар, забавните страници намерно ги изоставив.Ако ги вклучев и нив сликата ќе беше далеку поцрна, претпоставувам.

Ако се направи пресек на инфорамциите погоре може да се забележи дека во голема мера недостасуваат податоци за тоа кој всушност нам ни ги сервира информациите. Причините за тоа зошто е ова така како што е може да се разгледуваат кај секој пример поединечно. Немам намера да шпекулирам, нити да нагаѓам за секој посебно. Затоа само генерално ќе се обидам да претпоставам неколку можни причини:

1. Дел од медумиве може и навистина немаат редакција. Едноставно може да крадат или преземаат содржина. До сега често пати сме биле сведоци на бесрамно крадење содржина.

2. Може сопствениците сакаат да ги заштитат своите новинари од разни притисоци, па затоа решиле да не ги објават нивните имиња.

3. Може лицата кои работат често се менуваат па не им се исплати да ги објавуваат (сум го слушал ова за фирми.. верувајте ми 🙂

4. И секако, може едноставно не чувствуваат потреба. Баш заради тоа што не се транспарентни и ич уво не ги боли што тоа на интернет не се прави баш така 🙂

Што мислиш ти? Дали има потреба да се објавува импресум, и како таа одлука влијае на твојата доверба кон медиумот?

5 коментари на “Кој тоа нас не информира на интернет?”

  1. Darko

    Дарко сакав да прашам, дали постои истражување во МК за да се види во колкава мера луѓево се оддалечуваат од ТВ екраните и го поминуваат своето време повеќе на страни како Фејсбук?

  2. darko buldioski

    Нешто што толку конкретно може да одговори на тоа прашање, не верувам дека има, барем мене не ми е познато. Можеш да споредуваш бројки па да излекуваш заклучоци. Да видиш гледаност на ТВ од Стратеџик Маркетинг, ABG или некоја друга агенција која врши истражувања и да земеш бројки за користење на интернет… АЕК, завод за статистика и Стратеџик, и некои други па да споредиш трендови.

  3. Сања

    Од мое лично искуство можам да кажам дека се соочив со истито проблем никој од сајтовите немаат За нас зборам специјално за телевизиите, кој што би требале да напишат по неколку думи за себе си , ако не повеќе барем некоја базисна информација . Освен тоа многу други работи им фалат како на пример архиви, видео исто така и редкациите немаат ништо За нас само на некој по една две реченици ако не си во Македонија нема како да знаеш половината работи кои се случуваат, без имиња на водители без ништо. Мислам дека сите медиуми треба да поработат на нивните сајтови па за бога денеска интернетот и технологиите толку се напред а ние уште живееме назад во времето. За жал ако ни треба некоја таква информација нема од кај да ја најдеме и на гугал ништо не пише и освен тоа ако им пишеш на мејл никој не ти обрнува внимание. Тоа се нашите медиуми!

  4. Tracey Larate

    Spot on with this write-up, I truly think this website needs much more consideration. I’ll probably be again to read much more, thanks for that info.

Коментарите се затворени.