Зошто е потребно да има CitJ

CitJ = Citizen Journalism

Ова би требало да биде трет пост во серијата поврзана со е-Општество.мк.
Овде конференцијата која се случи вчера има пасивна улога. Имено станува збор за начинот на известување за настани кои се случуваат секојдневно.

Да не беа известувањата и ставовите на овој блог (линк1, линк2) и известувањата или импресиите на Новица, Арангел и Goodbytes оваа вест ќе останеше забележана низ масовните медиуми само со еден наслов кој веќе и птиците на гранка знаат да го кажат 10% интернет пенетрација
(А1, Утрински весник, Дневник, Време, Канал 77, Нова Македонија)

Навистина силата на блоговите кај нас е мала, но важна е суштината. Споредете ги информациите поврзани за еден ист настан од различните мејнстрим медиуми и потоа погледнете ги овие од блоговиве. И замислете си дека за 90% од вестите има такви приказни кои всушност исто така се одраз на настаните кои се случуваат.


Не алудирам дека сега еве нашиве блогови се многу добри, туку само ова ми послужи како еден солиден пример кој секојдневно го воочувам. Значи niche вести мора да има и треба да има. Кој ќе ги обезбедува, не е секогаш важно, но што повеќе тоа подобро.

Па затоа ќе ги молам новинарите да престанат да го препишуваат зборот блог и блогосфера од странските извештаи и анализи, и да почнат да ја согледуваат реалната ситуација во која се наоѓаме овде. Блогови има, но ниту еден од нив не е класичен новинарски. Време е да се активираат и оние кои мислам дека се треба да се случи без нив.

И за да не пишувам друг пост, уште една мала приказна надвор од тема, ама а поврзана со конференцијата вчера. Отворено прашање до сите кои се активирани околу македонското е-општество: Дали тие кога одат на зелен пазар, таму наоѓаат празни тезги па чекаат да се соберат десетина купувачи за да дојде продавачот што треба да им продаде компири, или кога ќе влезат во пазарот компирите веќе се таму?


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in General. Bookmark the permalink.

1 коментар на "Зошто е потребно да има CitJ"

Коментирај!