Media & Marketing Blog

Ивце Пивце во вестите подолу?

Ќе ја употребам најфреквентната фраза на македонско-медиумските-дебатно-полемичко- расправачки емисии и ќе напишам дека еве би сакал „да се надоврзам“ на постот на Дарко за состојбите и програмите на локалните електронски медиуми. Па така по неколкудневно здраво-критичко и добронамерно следење на истиве со мирна душа можам да напишам:нашиве медиуми навистина работат по максимата „размислувај глобално-глупирај се локално“. Во дебатите за јазикот и политичката пристрасност нема ни да навлегувам, а сепак останува море од грешки и смешки за кои навистина треба да се напише по некој збор:

-за неверување ми беше дека на локалните медиуми емисија за деца има водител под име „Ивце Пивце“?!? Не велам дека човекот си е лош во работата или слично, но Ивце дај смени си го името (колку да е некаков „бренд“), оти не знам какви родители можат со мирна душа да ги носат своите деца на шоу на Ивце Пивце.

-нашите презентери и нивната креативност е добро елаборирана, но најновото во тој ресор е дека се повеќе од нив и се почесто овие елоквентни шизици ја употребуваат сентенцата (по најава за некој прилог) „за ова подолу во вестите“ ???!!!???. Кој да им објасни на нив сега дека вестите одат на временска оска, а не на просторна, и не е подолу, туку e подоцна. Очекувам некој ден само по најавата на Чом од под маса да се јави Сијка со прилогот од вестите подолу.

-инаку најшоу (во не-кул смисла) беше последното издание на „Вртелешка“ и нејзините млади дечки со прилично бледи обиди на направат провокативно (in your face) шоу со Оливер Белопета?!? Баш го најдоа човекот за провоцирање, а нај „highlight“ беше атаката дека многу „земјоделци“ му доаѓале на Скопскиот џез фестивал?!? Како да е тој крив за тоа што имаме многу агриколи во земјава.

2 коментари на “Ивце Пивце во вестите подолу?”

  1. RIBARO. Fish…

    Моралот Наш Насушен …

        Од пред два месеци си имам нов утрински ритуал.     Утринското туширање. Овде нема две точки, тоа е тоа. Молитва: – Он. нет …

  2. melbourne airport ca

    It is the privilege of posterity to set matters right between those antagonists who, by their rivalry for greatness, divided a whole age.

Коментарите се затворени.