Media & Marketing Blog

Слобода на печатот: САД на 53-то место!

Не знам зошто ми дојде во насловот да ги ставам Американците, ама ми се допаѓа како звучи 🙂

Овој податок е дел од извештајот на Репортерите без граници (RWB) објавен деновиве. Во него има тектонски поместувања на листата во која се одразува слободата на печатот низ земјите во светот. За да се создаде листата се оценуваат сите релевантни услови за работата на новинарите, физичкото насилство врз нив и заканите, како и мерките на цензура или правните рамки за новинарската работа.

Најголеми промени се воочливи кај САД и Данска:

САД годинава затоа се лизнаа уште подолу – дури до 53-тото место. Данска, минатата година на чело, сега е на 19-то место. Повод беа спорните карикатури за пророкот Мохамед, вели Шефтер: “Многу силно врз рангирањето на Данска се одрази што имаше многу закани и напади по објавувањето на карикатурите, така што новинарите и карикатуристите мораа да побараат полициска заштита. Сето тоа се случуваше во западна демократска земја позната по почитувањето на граѓанските права”. …DW на македонски

Македонија падна од 43-то на 45-то место.

Изворно извештајот и целосната листа: RWB

2 коментари на “Слобода на печатот: САД на 53-то место!”

  1. Komunikacii » Тринаесетте земји непријатели на интернетот

    […] По објавувањето на својот извештај за слободата на печатот„Репортерите без граници“ (RFS) на тапет ги ставија земјите кои го опструираат развивањето на интернетот. Оваа листа има неславни 13 земји кои според оваа асоцијација ја оневозможуваат слободата на изразување преку интернет: Three countries – Nepal, Maldives and Libya – have been removed from the annual list of Internet enemies, which Reporters Without Borders publishes today. But many bloggers were harassed and imprisoned this year in Egypt, so it has been added to the roll of shame reserved for countries that systematically violate online free expression. […]

  2. Вуна [б]е п…

    Фејкинг Фикшн: Букаро е шупак…

    Откако изврши една типична кабадајска дисертација зошто Америка е добра, а тие што го критикуваат Буш и воопшто американската политика л…

Коментарите се затворени.