Слобода на печатот: САД на 53-то место!

Не знам зошто ми дојде во насловот да ги ставам Американците, ама ми се допаѓа како звучи :)

Овој податок е дел од извештајот на Репортерите без граници (RWB) објавен деновиве. Во него има тектонски поместувања на листата во која се одразува слободата на печатот низ земјите во светот. За да се создаде листата се оценуваат сите релевантни услови за работата на новинарите, физичкото насилство врз нив и заканите, како и мерките на цензура или правните рамки за новинарската работа.

Најголеми промени се воочливи кај САД и Данска:

САД годинава затоа се лизнаа уште подолу – дури до 53-тото место. Данска, минатата година на чело, сега е на 19-то место. Повод беа спорните карикатури за пророкот Мохамед, вели Шефтер: “Многу силно врз рангирањето на Данска се одрази што имаше многу закани и напади по објавувањето на карикатурите, така што новинарите и карикатуристите мораа да побараат полициска заштита. Сето тоа се случуваше во западна демократска земја позната по почитувањето на граѓанските права”. …DW на македонски

Македонија падна од 43-то на 45-то место.

Изворно извештајот и целосната листа: RWB


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in Journalism, Media. Bookmark the permalink.

2 коментари на "Слобода на печатот: САД на 53-то место!"

Коментирај!