Media & Marketing Blog

AllWeb – Прва интернет маркетинг и oнлaјн ПР конференција

Редно време беше да засукаат ракави и да го остварат нивниот сон. Дарко и Цаци конечно со реализација на нивната долгогодишна идеја за ваква конференција. Се крчка идејава веќе некое време, еднаш се одложи, но сега нема изговори. Решени и подготвени, ја најавија AllWeb –  првата интернет маркетинг и онлајн ПР конференција кај нас.

#1 интернет маркетинг и онлја ПР конференција

 

 

Да не должам јас со муабетите дека навистина кај нас фалеше еден ваков настан кој од поинаков агол ќе ги обработи темите на кои сите веќе работиме со полна пареа, тие сами си кажаа во видео најавата:

Она што вие треба да го знаете е дека треба да дојдете и да чуете за иницијативите кои треба да имаат значајно влијание на пазарот и нашата работа, и за уште еден куп други искуства, примери, практики, дискусии и нешто малку теории со кои ние како учесници во оваа професија сме да не речам опседнати.

Скоцкавме една програма како за почеток, онаква каква што мислевме дека ќе биде солидна појдовна точка за квалитетна дискусија, но ве повикуваме да споделите што сакате да видите, чуете или можеби да кажете дополнително. Си викнавме и некои од нашите соработници од надвор кои навистина имаат што да ви кажат, а богами и што да ги прашате.

Што понатаму да ви кажеме? Очекуваме да ве видиме таму на 23 ноември, во City Hall (ex Hard Rock). А ако веќе се загреавте да дојдете, регистрирајте се и резервирајте го вашето место. Ако имате некое прашање плус, или сакате да ни кажете нешто, контактирајте не.

П.С. Некои од нашите пријатели во медиумите не поддржаа со најава за конференцијата: Интернет Маркетинг, IT.com.mk, КриглаПиво, Капитал, think.mk, Излез… За оние кои сакаат дополнително да ја поддржат конференцијата, спремивме соопштение, банери, логоа