Media & Marketing Blog

5 #ПрегледВоПеток

Погодете што? И денешниот #ПрегледВоПеток не го објавуваме во петок, па за да не ја прекрстуваме рубрикава ајде да се договориме дека во поголемиот дел од случаите нема да се читаме во петок… Но, задолжително ќе се читаме еднаш неделно.

Се прибравме од Тирана кадешто се оддржуваше второто издание на AllWeb Albania, си поминавме фантастично. Веќе со полна пареа го спремаме AllWeb Macedonia кој ќе се оддржи на 17 ноември, па во паузата меѓу финализирањето на програмата и дефинирањето на лапачката за конференцијата стигнуваме да ги прочитаме и издвоиме најинтересните дешавки во светот на дигиталниот маркетинг.

Одиме.

Три работи: видео, видео, видео

  1. Хајпот околу видеото како доминантна содржина на социјалните мрежи не само што не стивнува, туку продолжува да расте во повеќе правци. Откако секнаа паричките за креаторите на live видео содржини на Фејсбук, тие се повеќе почнуваат да се вртат кон Твитер како платформа која ќе им овозможи да го монетизираат својот труд преку објавување видео содржини во живо.
  2. И додека сите чекаме видеото да стане официјално крунисан крал на социјалните мрежи, големите издавачи и креатори на содржини на ангро ги шифтаат буџетите кон видео и се едногласни во одлуката дека следната година планираат да креираат мноооогу повеќе видео содржина. Да се надеваме дека овој бран спремно ќе го пречекаат во LinkedIn, од каде откако ги промовираа native видеата на нивната платформа, сега најавуваат дека имаат затворена бета за тестирање на можноста за прикажување реклами во видеата.
  3. Е сега, ако помисливте дека Facebook туку така ќе помине преку случките од првиот пасус, се разбира дека се лажете. Што им е планот за да се вратат во игра? Спортски настани во живо бато. Планот е да се земат од УЕФА правата за стримање на Лигата на Шампионите во оние земји каде што таа не се пренесува – земјите од Африка,Индија, Колумбија. Нема сомневање дека штом го најдат најсоодветниот модел за монетизација, ќе го видиме Facebook како сериозен конкурент на телевиските куќи за правата за емитување на најголемите глобални спортски настани.

За да не заборавиме дека имаме и дизајн секција во нашата банда ги натеравме и они да нафрлат некоја интересна статија. И не потфрлија.

  1. Повелете најпрво едно долгометражно парче за дизајнот во Северна Кореја со еден куп сликици, кое е всушност представување на книгата на Nicholas Bonner “Made in South Korea” која нуди редог поглед во визуелната култура на тоталитарниот режим – од пакувања за цигари до авионски билети.
  2. И уште еден подолг текст со прекрасни визуелни примери кој ги објаснува оптичките илузии што можеме да ги сретнеме во некои од најпознатите дизајни по интернетот.

Следните две статии на нашата листа зборуваат за тоа како да го направиме нашето онлајн присуство уште повпечатливо преку избор на вистинските визуали и соодветен копирајт

  1. Текстот никогаш не треба да стои само за да пополни место. Тој има најмалку 5 функции на вашата веб-страница и време е да почнете сите да ги земате предвид и да работите на нив поангажирано.
  2. Ако една слика кажува 1000 зборови, колку ли кажуваат над 3 милијарди слики што се споделуваат на социјалните мрежи секој ден. Сигурно многу, но дали вашиот бренд ги слуша сликите? И дали на сликите кои ги поставувате го вашиот бренд е представен во соодветен контекст

И за крај прашањето, дали родителите маркетари во блиска иднина ќе почнат да ги плашат децата со „алгоритмот“. Не знаеме, но нас следниов текст малку не исплаши.

  1. Еден од најсподелуваните текстови периодот е интервјуто на Тим О`Рајли, авторот на книгата “WTF: What’s the Future and Why It’s Up to Us” за Wired во кое тој дава прилично алармирачки поглед на тоа како капиталистичкиот импулс за континуирано зголемување на профитот и други фактори можат да придонесат за неетичко и неконтролирано користење на вештачката интелигенија.

Ве поздравуваме со потсетување доколку имате нешто интересно што сметате дека треба да биде дел од следниот или било кој друг преглед, да ни го испратите во порака.