Media & Marketing Blog

Нова услуга од Google

Не би биле она што се ако не подготвуваат изненадувања. Овојпат станува збор за многу сериозна работа, нешто што не е налик на оние пропратни додатоци кои се појавуваат секој ден, или пак нешто што се прави со купување. (не, не мислам дека купувањето на YouTube е мала работа)

Google од четврток ќе започне да нуди customized search tools или на македонски индивидуално прилагодени пребарувачи. Опција со која секој поединечно ќе може да си издефинира множеството на ресусри низ кои ќе пребарува неговото празно поле за пребарување.

In addition to letting website operators draw on their expertise to choose which Web pages to include in their search index, the new tool also will let them decide how the search results should be prioritized. By comparison, Google’s standard search results are automatically ranked by how many sites refer to a particular piece of information.

Web publishers can even open up the process to their users, allowing them to contribute to the list of websites to be searched. …LATimes

Users of Google Custom Search Engine will be able to select the websites they want to be included in their searches, and add to this list in future by “tagging” websites they visit. Any searches will then return results just from that slice of the Google search index. …FT

Покрај пренесувањето на пребарувањето на едно ново, 2.0 ниво, со овоој потег Google, се разбира, ќе си обезбеди уште едно место за своите реклами.

Results to those searches will also carry context-relevant advertising from Google’s AdSense network. …FT

Нели звучи безвезе ако вака убаво структуирани информации (читај потрошувачи) не се искористат за да им се продаде нешто.

Се надевам дека начнот на кој ќе се врши дополувањето на листата на сајтови низ кои ќе треба да пребаруваат овие индивидуално прилагодени пребарувачи ќе биде едноставен, бидејќи сепак станува за напорна работа. Кoлку и да сакате да имате свој круг на сајтови низ кои ќе пребарувате, или ќе им овозможите на другите да пребаруваат, сепак тоа треба да биде обемен список кој нема премногу често да јавува празни страни. Е сега ова е за амбициозни индивидуалци.

Од друга страна сега ќе се овозможи и фирмите или разни групи со заеднички интерес да можат да ја искористат брзата ифективна формула по која пребарува Google.