Media & Marketing Blog

За урбаната мафија

Иако поучувањата и забелешките за јазикот во медиумите и кај новинарите кај нас ретко имаат некаков ефект, овој пост сепак свесно помалку „донкихотовски“ ќе посочи уште еден груб семантички прекршок актуелен овие денови во медиумите. Авторов на постов беше чесен и совесен па им испрати (електронски) пораки и коментари на темава на повеќето новинари, каде што тоа беше можно, и откако овие во стил на врвни политичари се оглушија на тоа, си реков е па драги новинари шуќур за блогосферава, па и ние гледачите и слушателите може да си кажеме по нешто за нивната работа, и тоа без да мораме „да јадеме бурек“.

Имено, уште не сретнав, освен во едно соопштение на „Министерството за транспорт и врски“, правилно да се употребува придавката изведена од „урбанизам“ (именка). Hellou другари и другарки журналисти, урбано не е придавка од „урбанизам“, ами е синоним на „градско“/„градски“ и е антоним на рурално. Па така ако кажете „урбана мафија“ му се заканила на овој или оној тоа може да значи и дека некој шверцер од Бит пазар му се заканил на министерот. Впрочем, барем јас, наивно, мислам дека секоја мафија е урбана, зарем постои некаква рурална или селска мафија што оди по ниви и им собира рекет на земјоделциве. Значи, „урбанистичка“ или „градежна“ мафија би бил магичниот поим, а оние кои мислат дека ова е цепидлачење за две три букви, ќе им кажам ај следниот пат кога ќе на молерот ќе му нарачате фарбање во жолто а ви ја офарба собата во црвено што ќе му кажете, нема врска?

И уште згора на тоа самите медиуми ни држат лекции како јазикот во медиумите не бил добар. Ај Билјана те молам зборувај малку со Маја, оти така се подобрува јазикот низ пракса, а не низ разговори со кабинетските истражувачи од таму некој институт коои плачат како никој не ги сака, односно не им дава пари за не знам што.

Се извинувам ако некаде низ постов се почувствува некаква афективност, ова треба да биде сосема студен научно фундиран пост:)

2 коментари на “За урбаната мафија”

  1. darko156

    За молерот, од лично искуство. Ако му речеш да ти офарба жолто ќе добиеш окер.

    За да добиеш жолто ќе мора да му речеш дека сакаш лимон боја да стаи. 🙂

    На темава мк јазик и новинарите има и паралелни рекации кај Жаре: <a rel="nofollow" title="автогол" href="http://jasnesumjas.blogspot.com/2006/10/blog-post_116181734089705644.html">автогол

    и уште еден автогол

  2. sead93

    🙂 za molerov, ja mislev deka se razbiram u majstori ama ti si svez od "frontot" pa ke go usvojam ova avtomatski 🙂

Коментарите се затворени.