Media & Marketing Blog

Фејсбук како вест

И седнал Марк Твен да пишува за Џемс Џојс, така би му дошло ова некако…

Во денешниот свој број, дневниот весник „Вест“ на насловна страница оди со сторија за тоа како домашните политичари го користат убер-популарниот Фејсбук, „Заразени од Фејсбук“:

Ни македонските политичари не останаа имуни на Фејсбук вирусот. На оваа глобална мрежа за дружење се министерот за евроинтеграции Ивица Боцевски, шефицата на МВР Гордана Јанкуловска, министерот за информатика Иво Ивановски, поранешната лидерка на СДСМ Радмила Шеќеринска, министерот за странски инвестиции Веле Самак и неговиот поранешен колега Глигор Ташковиќ. За дружба на Фејсбук се и преговарачот за името Никола Димитров, лидерот на ДПА Мендух Тачи, ексминистерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски, македонската амбасадорка во Хаг Шпреса Јусуфи, поранешниот министер за екологија од ДПА Имер Алиу, експремиерот Љубчо Георгиевски, шефот на НСДП Тито Петковски и поранешниот пратеник Филип Петровски кој важи за еден од најинвентивните фејсбукери. Профили имаат и политичките партии како владејачката ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДПА…

Покрај вака регистрацискиот момент на овој натпис, уште неколку „поенти“ важни според мене:

  • новите медиуми полека но сигурно добиваат место и свое претставување во класичните печатени и електронски медиуми (позитивно, затоа што во јавниот живот пласираат релевантни теми), но (ух, што  мразам кога го има тоа досадно „но“) за жал тоа претставување е некако сиромашно, симплифицирачко, и не ја доловува содржината на појавите кои ги носат новите медиуми. Тие се само некаков трендовско-помодарски поим и самите медиуми зборуваат за нив затоа што сите зборуваат за тоа. Некако по инерција, и про-форма, нема квалитетен осврт за самите значења на овие промени. Трендовштина, е тоа е.
  • класичните медиуми засновани на централизирачки принципи (центрите на моќ имаат нешто да ви соопштат) се уште не ја перципираат децентрализирачката природа на новите медиуми и немаат абер да зборуваат за тие теми. Од таму и ваква тема, „политичарите биле на Фејсбук“! Е голема работа што биле на Фејсбук. Како да кажеш дека римските сенатори се бањаат во јавните бањи. И што сега? Повластената улога во класичните медиуми носителите на општествената моќ не можат со исти шаблони да ја пресликаат во доминација со новите медиуми. Па новите генерации избегаа од телевизии заради отуѓеноста од политичките „елити“ и сега овие трчајќи по нив мигрираат кон новите медиуми, така некако би дошло.

  • Она за што еден посериозен весник треба да пишува е како нашите политички елитистичари не ги користат потенцијалите на новите медиуми за комуникација со пучанството. Како и покрај толку материјални можности, советници, успешни примери од странцтво и слично, кај нас тоа некако е многу скромно, како да чекаме да ни дадат некој бенчмарк за пристап кон ЕУ да биде и користење на социјалните мрежи (Дарко вети дека ќе напише повеќе за ова па затоа ќе клаам точка овде).
  • И конечно, last but not least, една благополезна споредба, дур Дора Бакојани социјалните мрежи ги користи за ширење на својата политика, нашите пак ги обичаат само како места за дружење. Податоците за тоа како Дора Бакојани е мошне добра сурферица (Flickr, Twitter, Facebook, Web Page...) се појавија на нeколку места во нашава онлајн сфера, но никој него исперципирса тоа како нешто посебно значајно, а јас си викам au contre, au contre

6 коментари на “Фејсбук како вест”

  1. Darko Buldioski

    мало дополнување на точка еден.

    деновиве на радио слушнава најва дека и во новиот број на Life магазин има текст за Facebook, а актуелна е и рекламата на T-Mobile во која девојката брза да оди дома за да види дали и пишал „оној дечкото на Фејсбук”.

    Убаво е кога новите медиуми влегуваат во мејнстримот, всушност тие веќе одамна се таму, но не се на насловните страници, но лошо е што цели генерации масовни корисници не умеат да се повлечат еден чекор наназад и да погледнат што суштински тие менуваат.

    Секако, во некои поубави денови тоа можеби и би можеле да го очекуваме од медиумите, но не денес, не тука.

    За ветувањето. Да, ќе пишам (најмалку) еден пост за тоа како може ефективно да се искористи Facebook од страна на различни видови професионалци 🙂

    Е, да. Сеад, одличен пост.

  2. Dragana Djermanovic

    @Sead: Slažem se da za nas koji razumemo značaj novih medija vest da su na FB-u makedonski političari i nije neka posebna. Međutim, bez obzira na to da li je motiv pomodarstvo i trend, ili kod pojedinaca deo mudre strategije – oni su tamo! Što je dobro! Tamo će videti kako to sve može da izgleda i koliko je FB moćna alatka u sakupljanju pristalica, širenju ideja i spinovanju priča. Naravno, ukoliko im naloge ne vode asistenti. Ukoliko, pak, osete složenost društvenih mreža, uskoro ćete svedočiti ekspanziji. Ipak je ovo dobra vest…

    Pozdrav iz Novog Sada

  3. sead93

    @Dragana: Dragana, hvala ti puno na komentaru i još više na tome što nas pratiš. Svakako si u pravu i slažem se da je puno pozitivnog u toj migraciji političara ka Novim medijima. Ovako ili onako, dobro je da budu tu i da neposrednije vide "narod" 🙂 Druga dimenzija fenomena, po meni negativna, je kako nazovi klasični mediji šire sliku o novim medijima preko političara. Nekako po njima oni su kao verifikatori popularnosti nekog kolektivnog fenomena i time de facto perfidno transferiraju moć političarima (jer su oni tu kao sekularne "Pape" da pontificiraju Facebook :). U svakom slučaju hvala ti što si nam dala šansu da se doiskažemo na temi 🙂

  4. Suzana

    @sead93:Vtorata dimenzija mi se čini kako suštinska za našive prostori,za žal. Kako ništo da ne može da se nareče važno ako ne se vmetnat i Papite-kako životot,voopšto,(ovde na Balkanov) da počnuva i završuva so niv(političarite).

    Golem pozdrav od Niš.

  5. melbourne airport sh

    Definition of a Statistician: A man who believes figures don't lie, but admits than under analysis some of them won't stand up either.

Коментарите се затворени.