Media & Marketing Blog

Бројот на регистрирани .мк домени се зголемува за 20% годишно

Глиша направил одлична анализа на регистрираните .мк домени. По првата ваква анализа на домени која беше спроведена на почетокот на 2006 годна, сега, по речиси три години имаме увид во новата состојба. Дел од статитиката:

› 12773 домени
› 11073 од нив се активни
› 76% се .com.mk домени

Има во анализата (пдф) повеќе интересни податоци од кои може да се извелкуваат разни заклучоци, она што мене ми остана во око е фактот дека најголем дел од домените се регистрирани од Интернет сервис провајдерите (МТ, Унет, ОН.нет…). Не дека ова ме изненади, знам дека за сите свои клиенти тие на свое име прават регистрации но самиот тој податок зборува за непрофесионализмот и екстремно ниската свест кај поголем дел од компаниите.

Последиците се јасни, иако можеби не се потресуваат многу луѓе за тоа, сеуште, ама да посакаат утре да го сменат својот интернет сервис провајдер или својот хостинг провајдер што во овие случаи е една иста фирма, може да наидат на препреки.