Препорака: блогот на Драгана

Ми се има случено неколку пати. И секој пат се радувам кога ќе се случи пак. Се радувам и им раскажувам на сите околу мене, без разлика дали ги интересира или не. Им раскажувам дека некоја личност која ја ценам оддала признание кон овој блог.

Прв пат беше со Минди МекАдамс кога правеше листа на интернсционални блогови, сега гледам со поновиот дизајн ја нема таа листа. Потоа се радував кога Хуан Антонио Гинер го стави комуниикации.нет на неогвиот Innovation in newspapers. Се почесто се радувам на позитивните коментарите од луѓето со кои за прв пат се среќавам, а пред некој ден се радував кога Dragana Djermanovic во својата листа на препораки го ставила и нашиот блог.

Драгана ја читам од првиот пост, благодарение на Драган. Пишува од аспект на ПР (односи со јавност) зошто тоа и го работи, но пишува со многу емоции и отвара интересни теми. Ја запознав, за жал, на кратко во Бор на BlogOpen а пред некој ден разбрав и дека учела Македонски јазик :).

Блогот на Драгана е препорака за читање и инспирација за сите кои се професионалци во одредена област а сакаат да започнат свој блог. Искрено, деновиве комуницирам со неколку такви личности од МК и континуирано една од првите препораки ми беше токму блогот на Драгана, случајно или не :)


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in social media and tagged , , , , , , , , . Bookmark the permalink.

1 коментар на "Препорака: блогот на Драгана"

Коментирај!