Media & Marketing Blog

Блогови во образование

Пред неколку недели на оваа тема се одвиваше мала дискусија кај Мијалче (Е-Бизнис Блог). Таму само наведовме дека постои вакво нешто и дека е релативно многу употребувано во светот.

НО ВИДИ ЧУДО !!!

Ваква работа имало и кај нас. Благодарение на Бела Глигорова, МБЗ од почетокот на оваа година имала и блогови кои се користеле во образованието. Таа е професорка во Nova и колку што можев јас да утврдам има три блогови, најверојатно за различни теми различни генерации на ученици.

ПОЗДРАВ за Бела. И нормално за Најди Блог (каде ги забележав блоговиве).

Можеби некој од вас го знаел ова многу порано, но сепак ми се чини дека е од важно сите да бидат свесни дека ова постои и во иднина кога ќе ја пропагираат МБЗ да го спомнат и овој пример.

2 коментари на “Блогови во образование”

  1. Shepard

    имаше уште некој блог од средно, ама после одредени настани ИСЧЕЗНА 🙂

    се гордеам.

  2. mijalce

    Наскоро кон ова група на млади блогери ќе се придружат и поголем број на студенти од Економски факултет – Скопје

Коментарите се затворени.