Media & Marketing Blog

Social Media Architect?

За ова блог писание бев непосредно поттикнат од мошне интересниот и полезен текст од „it.com.mk“ под наслов „Колку ни е важна онлајн реалноста?“:

Сите сме онлајн. Сите информации ги споделуваме онлајн. Сите можат да ги прочитаат нашите пораки и да ги видат сликите. Документите ги закачуваме на онлајн сервиси. Купуваме онлајн. Наскоро ќе гласаме онлајн… Денес, сите сме јавни личности. Но, тоа го правиме само бидејќи сакаме да се поврземе со пријателите, да комуницираме со другите, да споделиме информација, да дознаеме што се случува…Со сета наша вклученост на интернет, дали онлајн реалноста ни е толку важна, што ги игнорираме ризиците?

Да се зборува за ризиците на користењето на новите технологии и новите медиуми е повеќе од потребно. Опасности има на секој чекор, како што има и бројни полезности и користи од нив. Но, стравот од непознатото, во овој случај сѐ она што не знаеме за новите медиуми, н/с-екогаш е потребно низ отворена комуникација и размена на искуствата да се рационализира, за да се отстранат лаичките и „паничарските“ приоди кон нив. Паничарењето води барем кон две нешта:

-некористење на предностите на новите медиуми;

-нерешавање на вистинските проблеми и ризици на новите медиуми (кои ги има секако);

Луѓето можат да ви наштетат онлајн како што можат да ве ограбат на улица. Човечкиот порив кон зло или криминал е тој истиот, различна е само формата  на нејзината реализација. Потребно е постапно да собирате иинформации и да учите како да се заштитувате себе си. Разликата во овој процес на едукацијае што вашите родители веројатно нема да можат да ви помогнат на начин на кој тоа го правеле учејќи ве како да ја поминете улицата. Сега вие, и сите ние како генерација, мораме сами да развиеме рационална свест за овие теми и проблеми, а потоа веројатно и да ги подучиме и нашите родители, кои сѐ повеќе и се присутни онлајн.

Во нашите главни (mainstream) медиуми сѐ уште преовладува приодот на потенцирање на опасностите над предностите, но полека и се крева нивото на јавна дебата за самите проблеми и се приложуваат повеќе информации за начините на нивното решавање. Таков е примерот од денешното (30.10.2009) издание на „Дневник“ во текстот под наслов: „Лажни профили за важни фаци на „Фејсбук“:

Политичари, бизнисмени, доктори, естрадни уметници и други јавни личности се’ почесто се жртви на кражба на идентитетот на популарната социјална мрежа „Фејсбук“. Тие се изненадени кога ќе забележат дека имаат свој профил на оваа мрежа иако таков воопшто не отвориле. Во нивно име се договараат зделки, се плука по партиските противници или се шири верска и политичка омраза.

Иако има и некои „забавни моменти“ во текстот („милицајска“ логика на справување со онлајн престапништвото или криминалот од страна на службите, запленување на компјутери и слично, како и површнсота во  истражувачкиот дел на проблемот), но, вака или онака, сепак има и доволно информации за тоа како правилно да се постапи во случај на онлајн преземање на личен идентитет и лажно претставување, и каде да се обратите. За жал, начините на превентивна заштита ќе мора да ги побарате на други места, но по поуките од ваквите случаи, свеста за нивната нужност секако е повисока. Друга димензија е што ваквите прашања се актуелизираат само кога им се случуваат на „фаците“, според јазикот на статијата.

За крај, само една филмска аналогија, за тоа како ги доживуваме опасностите од новите медиуми, и на кое рамниште е нашата свест за нив и капацитетот за наоѓање решенија.

Повеќето од нас, самиот феномен на вмрежување го доживуваат како разоткривање на приватноста која не знаеме како да ја заштитиме. Некако како да се плашиме дека самите нови медими се реализација на големата соба на Архитектот во „Матрица“ каде некој постојано не гледа и на тој начин и нѐ контролира. Додуша ликовите од мониторите на Архитектот во својата суштина доста и наликуваат на лични профили на друштвените медиуми, а Архитектот во денешни услови би можел да биде и некој Администратор на Фејсбук да речеме. Сепак, нашето место во нив не е така фаталистичко и безмоќно, моќта на Администраторите на сервисите за вмрежување не е секако како онаа на Архитектот, а начини на  промислена и корисна употреба која оди во наша полза секако има.

3 коментари на “Social Media Architect?”

  1. Томе

    Сеад, пак премногу општо.

    Кое е, според Комуникации, решението за проблемот кој го посочуваш? Во текстот никако не успевам да го најдам.

    Текстот во дневник е класично новинарски, со очекуваната доза на паничност и сензационализам (славни личности и глупости). Меѓутоа, Комуникации како веќе изграден ентитет со многу „евенти“ зад себе, според мое мислење, треба да дава малку поиздржани и поконкретни ставови во врска со овие прашања, поенергично да го насочува решението наместо само да ги преобјавува и коментира вестите.

    Критиката е потполно добронамерна, ве читам од вашиот почеток и ова одамна ми е мисла што сакам да ви ја кажам. Баш овој пост се погоди, извини вака :-).

  2. sead93

    Томе, фала за коментарот, критиката е секако доброедојдена, нема што да се извинуваш :)) Постот е само едно сумирање на општите состојби кај нас во поглед на свеста за новите, т.е. онлајн и мобилни, медиуми, со некои потазе примери, и во таа смисла можеби е попшт приодот, но важно е вака периодично да се даде некоја одредница до кај сме на овој план. Решенијата за кои зборуваш секако се дадени, и кај нас на блог, види го само претходниот пост, http://komunikacii.net/10/24/konstruktivno-intern… со 4-5 видеа токму за ова, како и бројни други низ архивата. Решенијата се дадени секако и на линкуваната страница на „it.com.mk“. во нивната подсекција „Едуцентар“ (http://it.com.mk/index.php/educentar/) и „Совети и трикови“ (http://it.com.mk/index.php/Soveti/Opshto/). Фала ти што го следиш и цениш блогот, поздрав.

Коментарите се затворени.