Media & Marketing Blog

Бесплатно = без пари

Навистина кај нас интернетот е скап, и навистина нема којзнае колку информации на мекедонски. Но се што има е бесплатно. Без разлика дали станува збор за списание од областа на економијата (Капитал, Тендерник, Бизнис) или пак дневни весници (Дневник, Време, Утрински, Вечер итн). Се е бесплатно, па оттаму може да речеме дека цената која секој поединечно треба да ја плати за да си го дозволи епитетот интернет корисник и не е така сложено да се пресмета. Односно не е налик на задовоството на возење автомобил каде почетната инвестиција е само еден дел од трошоците кои следат.

Сепак, оние кои плаќаат за својата содржина, тука секако мислам надвор од МК, не се чувствуваат позаебани од останатите кои не плаќаат или уште повеќе од оние кои плаќаат помалку т.е. за вести во печатена форма.

Еве една храбра претпоставка: Можеби кај нас популарноста на интернетот ќе се зголеми кога ќе почната да функционираат токму страниците кои би наплаќале за своите услуги. На пример сервис со информации за конкурентската апликација на државен тендер.

Dorian Benkoil од Cornate констатирал дека плаќа повеќе за своите дигитални вести отколку за печатените. Но успеал добро да си најде толку (многу) добри објаснувања што човек се замислува дали и тој треба да започне да плаќа?

Сепак ние тука во МК нема сеуште за што да плаќаме, па ќе се тешиме дека не сме будали да плаќаме за информации кои секако ги има на нет, и тоа многу. А кога ќе се појават информации кои ќе бараат пари ќе правиме муабет пак.