Media & Marketing Blog

Граѓански мониторинг на изборите

За да вобичаеното и конвенционално воспевање на новите медиуми не биде догматско и помодарско, навистина е потребно постојано да се наоѓаат примери и илустрации како тие можат на различни начини да го подобрат квалитетот на нашето живеење. За нашата средина, која постојано се обидува да достигне некакви, туѓи, стандарди, а особено во година во која изборите ги закопаа нашите надежи за прогресот во интеграциите кон ЕУ, следниов пример ми се чини за мошне корисен. За што се работи?

Значи, не станува збор за некаков „проект“ кој гледа да извлече пари од некој донатор, туку се работи за мошне интелигентна и соодветна примена на можностите кои ги нудат новите медиуми.

 

Значи во очи на претседателските избори во САД, покрената е иницијатива (граѓанска 🙂 за набљудување на изборите од самите граѓани, а сето тоа посредувано (овозможено?) од новите медиуми и нивната афирмативна употреба за оптштокорисни цели:

Video the Vote is a national initiative to protect voting rights by monitoring the electoral process. We organize citizen journalists—ordinary folks like you and me—to document election problems as they occur. And then we distribute their footage to the mainstream media and online to make sure the full story of Election Day gets told. Watch our 2006 highlights and join us as we Video the Vote this November.

Надвор од сите политички конотации (колку е ова да речеме про-демократски или контрарепубликански потфат, по изборите во 2000 и 2004 во САД) се гледа дека можностите кои новите медиуми ги нудат се бројни, а за да истите станат вистинска подршка на демократизацијата и владеење на правото, потребна е соодветна ангажираност на членовите на заедницата. Партиципативните медиуми тоа им го олеснуваат како никогаш досега.

И уште една лекција корисна за нас, борбата за демократијата и правд(ин)ата, никогаш не престанува.

3 коментари на “Граѓански мониторинг на изборите”

  1. Darko Buldioski

    Дали знаеш дали во САД може да се влезе со камера на изборно место (ова камера, во денешни улови може и мобилен да биде 🙂

    Бидејќи кај нас ми се чини дека не смееш да припариш блиску до избирачко место со камера или сл. ако немаш дозвола.

  2. sead93

    Добро прашање, муислам дека може, но ќе ги прашам моите колеги Американци за ова па ќе пишам во коментар на истиов пост 🙂

  3. Baju Bayi

    Wow, fantastic blog layout! How long have you been blogging for? you made blogging look easy. The overall look of your site is excellent, as well as the content!. Thanks For Your article about Граѓански мониторинг на изборите | К О М У Н И К А Ц И И .

Коментарите се затворени.