Media & Marketing Blog

Студија за онлајн новинари

Мedill Schol of Journalism и Online News Association објавија нова студија направена кон крајот на минатата година, која се однесува на онлајн новинарството, односно онлајн новинарите.

The Roles of Journalists in Online Newsrooms (PDF 300KB)

Изненадувачки (за некој) но ова истражување констатирало дека за онлајн новинар не се пресудни квалитеттите и способностите поврзани со компјутерите и интернетот, туку многу повеќе до израз способноста за воочување детали, граматика и стил на пишување, комуникациски способности, и способност да се работи под притисок.

Rich Gordon во својот пост на оваа тема на E-Media Tidbits врз основа на резултатите од оваа студија прави ваква паралела:

As an educator, one of my biggest takeaways is that the traditional journalism job that most resembles online newsroom roles is that of copy editor. What online newsrooms need are people who have news judgment and can copy edit, write headlines, package and present content on a page.

Of course, the way these functions are carried out is different online than in a print newsroom. But I think a good print copy editor would probably have a much easier time transitioning to an online producer job than a print reporter would. Given that most online news jobs don’t involve original reporting, copy editors should be more interested in these jobs than most print reporters are.

Е сега, ако правиме една паралела за кај нас, и ако земеме предвид дека добар дел од новинарите всушност преземаат стории од МИА ( и на ним слични), и ставаат наслови, тогаш би требало да се претпостави дека добар дел од нашите новинари можат брзо и лесно да се прешалтаат во онлајн новинари?

Но, дали е тоа така?