Media & Marketing Blog

Roll Over non Pop Up Ads

„Roll Over“ рекламите се оние кога ќе поминете врз нив, дури и случајно, па ви исфрлаат прозорченце на која оди некаква реклама. Обично истите може да ги исклучите (види „х“) ако ви здодеат или пак ако не сакате воопшто да ги видите, но има и такви кои нејќат да се тргнат (како Маја Вукичевиќ на пример…). Реакциите за ваквите реклами најчесто се негативни, види пример 1: „Contextual Rollover Ads Suck“:

Please reconsider using this type of advertising. It’s intrusive, distracting, and frustrating when things happen on-screen when you aren’t expecting it. And if you do that type of thing, you should never change the default formatting. We web users have had almost 15 years to learn that an underlined text is a link. Don’t change that expectation, it will hurt everyone in the long run.

Како и да е, за фино чудо, Мајкрософт се одважија да се опробаат со иновација во ваквиот (пот)тип реклами, па за кампањата „I am a PC“ (која оди негде од почетокот на октомври (2008) старттуваа со контекстуална реклама за оваа кампања која е „роловер“, но не е „попуп“, т.е. ако налетате на неа морате да го држите маусот врз самата реклама цело време за да ја изгледате (а истата е секвенцијална и трае во недоглед).

Бидејќи рекламата е контекстуална не можам да ја линкувам (јас налетав на неа на espn.com ), но верувам дека ќе ја начекате низ интернетов. За сега кампањата со сета своја „иновативност“ има мешани реакции:

Microsoft Says I am a PC and is Brilliant“,  „Contraversial Microsoft Ad ‘I am a PC“, за разлика од видео-рекламите со Џери Сајнфелд и Бил Гејтс кои се консензуално прогласени за катастрофа.