Media & Marketing Blog

7 #ПрегледВоПеток

Недела е ден за уште еден преглед во петок, овој пат дебитираме со препорака од локален извор. Не дека сме ги потиснувале намерно изминатите недели, ама така се погодило. Како и секогаш имаме малку лесни и малку не баш толку лесни препораки за читање.  Кликајте на линковите и на линковите во линковите и читајте, гледајте…

  1. Маките на YouTube, Facebook и Google. Толку многу ни значат овие сервиси што кога нешто ги мачи нив и ние одма се загрижуваме. Изминатиов период Facebook (и Twitter) гo мачат Русите.  YouTube го мачат екстремните американци, а Google го мачат традиционалните американци кои очи вадат ако не ти е добра иконката за светиот грал на америнската традиција: чизбургерот
  2. Facebook си гази, финансиски. И покрај „маките” со кои со соочува и трошоците кои ги прави за да покаже, заедно со другите гиганти, дека се грижи за сузбивањето на fake news, Facebook прикажа изненадувачко зголемување на своите приходи. Едноставно човек да се замисли дали навистина има логика да се борат против сите овие не баш толку лажни трошачи на пари.
  3. Технологијата е религија. Нема баш и премногу други начини како да се толкува фанатичното исчекување на новиот iPhone X и да се фукне за него 1500+ евра, долари што и да се. Па ако технологијата е религија, тогаш можеби и соодветниот предизвик може да ги најдеме во овој текст: Why we need a 21st-century Martin Luther to challenge the church of tech
  4. Instagram ќе ви јаде уште повеќе нет. Да олабавиме малку со Facebook, затоа што имаме уште линкови со него за подоцна… еве малку за Instagram да кажеме дека го смени изгледот на mid-feed Stories previews (не знаев како да го преведам ова а да ме разбере некој). Сега тие се два пати поголеми и всушност се вертикални со што се овозможува поголема прегледност на содржината во нив, секако со надеж дека повеќе ќе кликаме на нив. А дека се повеќе и повеќе се експериментира со вертикална содржина (се разбира во трка за mobile only стратегија) Mashable има (за мене) нова рубрика која се вика Mashable Reels. Линкот кој не наведе на оваа рубрика е телефонот спинер, да некој направил вистински Fidget Spinner Phone. Кликнете го линкот и на мобилен и на десктоп за да ја увидите разликата.
  5. Logitech VR Keyboard. Си експериментираат луѓето, да видат дали може некако да ја олеснат навигацијата во виртуелниот ни свет. Зошто навистина, малку е рудиментирано тоа, бара многу жртви а тоа не е добро за светлата иднина која континуирано и ја припишуваат на VR технологијата.
  6. Анализа за онлајн медиумите .МК Нашиот драг пријател и колега Зоран Ричлиев (и верен читател на комуникaции.нет, веројатно уште е) во рамките на ЗНМ деновиве презентираше две анализи на тема локални онлајн медиуми. За жал како и сите претходни обиди, ваквите документи имаат многу толкувања малку бројки, пред се заради недостатокот на  основни бројки за пазарот. Како и да е, вреди да се читнат документите од каде јас би издвоил две главни работи: Погрешна беше перцепцијата во јавноста дека за порталите не важи ниеден закон…   … решението сепак е во саморегулацијата, а не во регулацијата.
  7. Лични информации во GA. Често спомнуваме дека како маркетери треба да си ги познаваме многу добро нашите корисници. Епа, може да делува и малку претерано, ама еве неколку трикови како да извлечете повеќе лични податоци за посетителите на вашиот сајт или апликација преку Google Analytics
  8. И Snapchat понуди опција да ставите негов мерен pixel на вашата веб страница за да може да таргетирате подобро. Snapchat е во позиција да докаже дека може да опстане и покрај решеноста на Facebook тоа да не биде баш така.

Се насобрале доста линкови неделава… еве уште неколку на брзина:

Доста е за ова недела, и да знаете ептен сме блиску до AllWeb, ако не нема следниве две недели, тоа е причината. Ако ти недостасуваме, тогаш дојди на AllWeb, таму ќе има мноооогу повеќе од само линкови.