Media & Marketing Blog

Глобални сељаци

Во последниот број на неделникот „Глобус“, во написот под наслов „Селебрити помеѓу Долно Дупени и Танушевци“, истретирана е тема за популарната култура и кичот, псевдо-елитизмот, криза на културните вредности, ентропија на неквалитетот, и слични и сродни теми во сферата на нашите медиуми.

Глобус продолжува со добрата пракса да наоѓа соговорници и во блогосферата како нов медиумски канал за свежи и креативни мислења, па така во овој број дресовите на блогосферата гордо ги понесоа Фемгерила (Ирена) и Баждарџијата (Мите наш 🙂

Потребата да се биде славен воопшто не е спорна. Славата носи одредени поволности. Оние што ги ползуваат тие поволности си создаваат чувство на поседување моќ. Потрагата по моќ е оној порив што ги тера луѓето да бараат начини да станат славни. Во општество каде што ако те нема на телевизија или во некој магазин, тогаш не си значаен, трката за да се биде славен добива на интензитет. Ако на телевизиите најпопуларни се „ток-шоута“ каде што озборувањето, малограѓанштината, кичот и навредите се централни теми на разговор, тогаш нормално е и оние што се појавуваат во тие шоуа да ги поседуваат тие „квалитети“. Затоа имаме лица кои преку ноќ стануваат славни. За да бидат дел од телевизиските шоуа или жолтиот печат, не треба да имаат направено нешто вредно зад себе…(Мите Кузевски, дел Побарувачката раѓа понуда).

„И самиот интерес за овој феномен на инстант-џетсетирање повторно навлегува во теренот на спектаклот. Всушност, оваа појава би требало веднаш да и’ го припишеме на визуелната илузија која пролиферира од масовните медиуми. Засебните светогледи се врзуваат во сојуз кој реферира на еден посебен псевдосвет кој можеме да го спознаеме единствено визуелно“ (Ирена во делот „Силиконизиран патриотизам“).

Не дека нешто многу има да се додаде на самиот текст, Мите одлично го елаборира односот публика-медиуми, а Ирена самата природа на мас-медиумите, сепак само неколку „фусноти“ кои би сакал да ги споделам на овој блог на оваа тема :

  • Комерцијализација: Она што го гледаме не е случајна, ситуациона, неморална појава, туку системски проблем (или системска аномалија кажано низ речникот на д-р Морфеус од Матрица :). Во систем на јавно комуницирање каде профитабилноста е примарен и доминантен фактор (оди тоа што се продава, тоа што не се продава, не оди) неквалитетот е логична последица. Сега повеќе за уредник на програма, автор и слично, немаш некој образуван тип од драмски што чита Достоевски, ами некој типац што вози бесна кола, и кој е во сродство со газдата на медиумот или пак си го има кафето со луѓето од медиумите. Медиумите станаа тезги, а проблемот со овие медиумски тезги е што уште нема соодветна стратификација на публика, категоризација на програмите и слично. На пример, ако појдеш на Бит пазар, и сакаш да земеш јаболки кај еден продавач имаш јаболки за 20 денари, за 40 денари, 60 и слично, според квалитетот. И си бираш што сакаш да си јадеш, па си плаќаш толку. Нашите медиумски тезги (не генереализирам, но ова е доминатна логика) сè уште се под ова скалило на пазарен развој, па сите јаболки ги имаш на купче на сите тезги, и тоа.
  • Публиката: Во нашиов случај мислам дека медиумите ја генерираат публиката, не дека публиката е амнестирана со тоа, но во овој случај публиката „јаде“ тоа што и се нуди на „тезгата“. И потем се набавува нова роба за нив, тоа е циклусот. Врската е ко-симбиотичка, но јас не гледам дека нешто пред да почне „лудилово“ со програми со лош квалитет, имаше масовни протести и штрајкови со глад да се пуштаат сапуници, трач шоуа и сличито.
  • Криза на културата: Процесот е длабок, за ова се напишаа мориња литература, од Ниче наваму, но еве од денешна гледна точка: културата како отворена бина на префинета уметност е работа на минатото. Денес за уметност се смета нешто што не е нагласено комерцијално или е алтернативно. За мене не е уметност Педро Алмодавар со своите „ренесансни“ секс сцени или уринирање на бина на Скопскиот фестивал на театарот. Уметниците се заглавија во постмодерната фаза на играње и парчосување на она што беше уметност на романтизмот и просветителството, и се уште се однесуваат како деца на кои им е интересно да ги „кршат своите играчки“.
  • Криза на институциите: Некој кој е платен да се грижи да функционираат некои норми на самите програми не си ја работи својата работа. Луѓето не веруваат дека институциите имаат сила и волја да се справат со предизвиците на своето време. Тогаш што ги плаќаме? Не ми е јасно…дај распушти тоа Совет за радиодифизија и слични симулации на тела и агенции за регулирање, во нормална држава за нивните пропусти се оди во апсаана. Што се „дешава“ на пример?  Година на заштита на македонскиот јазик, Совет за радио дифузија им наложува да ги тргнат титловите на „немакедонските јазици“, еден кабелски провајдер ги тргнува, другиот си свирка, и по една година на почитување на налогот и законот на едниот, за непочитување на другиот, на оној што го почитува законот му прекипуе (губи публика во таков контекст) и ги враќа рбаотите како што беа. И сега кој е тука буљашот? Па советот се разбира..по командна одговорност.

Отсега текст што почнува со цитат на таа изјавата на Ворхол за 15 минути ама ич не ни читам…дајте некоја друга метафора, ви се молам, па за цитирање барем има море од опции. Каква травестија! Не обвинувам никого поединечно, знам дека се работи за вербална формула и клише, но мислам дека е некаков критички консензус дека Ворхол со се својата „легендарна“ изјава за 15-те минути (негде се 5, како кај Драган Вучиќ) се смета за почеток на ера (Поп арт) во која се комерцијализра уметноста, се брише разликата помеѓу добриот и лошиот вкус, се репродуцираат формите во бесконечност и слично. Значи Ворхол не е некој Маклуан или Еко кој го разбирал самиот процес академски па го именувал така, туку самиот тој го почнал процесот кој денес се саморепродуцира преку нашите локални клонови и кловнови. Инаку самите идеи му се џапнати од Марсел Дишамп, кој изложувал писоари по изложби тврдејќи дека се е уметност ако го ставиш во музеј, па неговата сентенца всушност се однесува дека секој оној што ќе го бапнеш на телевизија станува ѕвезда макар бил и ВЦ шолја.

Инаку за самите феномени од овој тип мене ми е најголема срцка Умберто Еко, кој баш на вистинско место ги става овие медиумски посредувани работи. Тој убаво лоцира дека ваквите работи се засновуваат на т.н. „прекин во семиозата на вообичаените културните кодови“, (да речеме никој не застанува да се опулуе на сонцето, но кога има затемнување на сонцето нам ни е интересно тоа за гледање и се создава „настан“ околу тоа), т.е. се заснова на човечката вродена (афективна) природа да се фасцинира од работи кои се табуа, надвор од културата, традицијата, кодот на однесување и слично. На пример ако видиш двајца да разговараат на улица, тоа е ок за културниот код, и не обрнуваш многу внимание, но ако запазиш некој како прави нешто скандалозно (да речеме уринира на јавно место) застануваш и се фасцинираш како е тоа можно…Проблемот е кога кршењето на табуа ќе стане норма.

7 коментари на “Глобални сељаци”

  1. darko156

    "програми со лош квалитет"

    ќе се закачам на оваа претпоставка. ќе се бунам. кој и по кои круитериуми утврдува лош квалитет? продукциски, организациски, професионално тие кич програми се најразвиени.

    нели за вкусови не се дискутира? нели за да има развиена алтернатива или „вистинска” уметност треба да има развиена куч култура? нема бегање од тоа, не е само до медиумите, тоа што е таму е само одраз на тоа што се случува по дискотеките, кафаните и сл.

    во хрватска турбо фолк на тв скоро и да не може да се види, а го има и тоа мнооогу го има. кој е виновен таму? ете таму уредниците се добри, имаат читано книги (најверојатно).

  2. gorde

    Imam nekoe nacelno objasnuvanje .

    Praksata moja za vakvite devijantni mediumski odesuvanja pokazala vaka:

    Koga edna Tv ima ideja za emisija ,trgnuva od toa koja celna grupa ke ja opfatat .

    Nivta cel e: sekogas e da opfatat sto pogolema gledanost .

    E sega vlecam od tuka zaklucok , ako vo makedonija se 80 % ne obrazovani a i tie sto se obrazovani (se ne kvalitetno obrazovani) i paralelno rezultatot na gledaci e samo za turbo folk shoo(bravo shoo na A1, Ex-v , exploziv , Dobra Sema i Cirko Kompanija :))…… ) Spored ,,Comski'' ova se vika Atomizirani Masi a kaj nas najgolem odziv na atomizirani masi ima tokmu na vakov tip na emisii-bidejki tie prodavaat Reklama .I ne gi okrivuvam Tv-ta bidejki oni od toa ziveaat ,a toa sto nasata siroka publika toa go bara i go konzumira kako jabolkite od tezgata bez da obrnat na vnimanie dali se crvlivi ili natruteni -mediumite ne im se krivi .

    Telma e primer kako koja glasi za Kulturna Televizija so naj ubavi kultni filmovi …….gledame deka ne uspeava da prodadem mediumski vozduh za reklama :)))) no ima jak grp Makpetrol zamisli da go nema Makpetrol ke ima 1+2 :)))))))))

  3. gorde

    Imam nekoe nacelno objasnuvanje .

    Praksata moja za vakvite devijantni mediumski odesuvanja pokazala vaka:

    Koga edna Tv ima ideja za emisija ,trgnuva od toa koja celna grupa ke ja opfatat .

    Nivta cel e: sekogas e da opfatat sto pogolema gledanost .

    E sega vlecam od tuka zaklucok , ako vo makedonija se 80 % ne obrazovani a i tie sto se obrazovani (se ne kvalitetno obrazovani) i paralelno rezultatot na gledaci e samo za turbo folk shoo(bravo shoo na A1, Ex-v , exploziv , Dobra Sema i Cirko Kompanija :))…… ) Spored ,,Comski'' ova se vika Atomizirani Masi a kaj nas najgolem odziv na atomizirani masi ima tokmu na vakov tip na emisii-bidejki tie prodavaat Reklama .I ne gi okrivuvam Tv-ta bidejki oni od toa ziveaat ,a toa sto nasata siroka publika toa go bara i go konzumira kako jabolkite od tezgata bez da obrnat na vnimanie dali se crvlivi ili natruteni -mediumite ne im se krivi .

    Telma e primer kako koja glasi za Kulturna Televizija so naj ubavi kultni filmovi …….gledame deka ne uspeava da prodadem mediumski vozduh za reklama :)))) no ima jak grp Makpetrol zamisli da go nema Makpetrol ke ima 1+2 :)))))))))

    Eve ke ve pocastam so edna pesnicka :))))

    Andy Warhol

    David Bowie

    (This is Andy Warhole and it's take one, take one)

    It's, it's Warhol actually

    (What did I say)

    Whole, it's whole as in wholes

    (Andy Warhol)

    Wah, Andy War hol, Andy War hol (he)

    Like whole hub

    He

    Ha

    Are you ready

    (Yeah)

    Ha ha ha ha ha ha

    Like to take a cement fix

    Be a standing cinema

    Dress my friends up just for show

    See them as they really are

    Put a peephole in my brain

    Two New Pence to have a go

    I'd like to be a gallery

    Put you all inside my show

    [Chorus]

    Andy Warhol looks a scream

    Hang him on my wall

    Andy Warhol, Silver Screen

    Can't tell them apart at all

    Andy walking, Andy tired

    Andy take a little snooze

    Tie him up when he's fast asleep

    Send him on a pleasant cruise (hm hm hm)

    When he wakes up on the sea

    He sure to think of me and you

    He'll think about paint and he'll think about glue

    What a jolly boring thing to do

  4. sead93

    @gorde: fala za elaboracijata, koja jas ja spomanv pod tockana broj 1, znaci faktor komercijalizacija. Stom e faktorot komercijalizacija tolku dominanten (toj mora d apostoi normalno) i nema drugi aktivni faktori vo procesot na proizdvodstvo i plasman na sodrzinite. Tipicen primer mi e deckono sto gi vodi utrinskite emisii na Kanal 5. Sekoja cest na nego kako individua, no ociglendo e deka nema nekoj novinarski talent, izgled, glas i sl. Se sto pravi e ni cita vesnici od svojot flat LCD whatever PC, pie kaffe i se rasprava so gledacite. Ama ocigledno ima sponzori i toa e. Kraj na muabetot. Znaci finansiskiot pritisok vrz mediumite e takov sto povekjeto od niv nemaa izbor pa kvalitetot e zrtva. Spored mene idealen medium e onoj kako BBC kade servisot kombinnira programi od javen interes i ostvaruva ogranicen profite so palsman na svoite sodrzini (DVD-ata od programite na BBC se edni od najprodavanite spored moi informacii). Inaku treba da ti pustam linkoiv na nekolku pesnicki od Radiohead, stom te privlekuvaat vakvi temi 🙂

  5. sead93

    @darko156: Примерот со Хрватска е одличен, како нешто што е присутно во културата не мора медиумски да не гуши. Добро, Хрватите пак не отепаа со нивните „сапуници“ ама ај 🙂 Муабетот за вкусовите е дека поимот програми со „лош квалитет“ се однесува на содржинската компонента (теми) инаку фактот дека токму тие се продукциски најквалитетни (студија, ефекти, и сл) е непобитен, бидејќи како пто спомна и Горде, парите се таму. Лошиот квалитет го одредува јавноста тогаш кога ќе се развие дебата дека нешто не е во ред. Самата јавност ја одредуваат експерти, новинари, граѓански претставници, општо јавно мислење верифицирано преку истражувања и анкети и слично. Тоа е фидбекот кој влијае што е во ред д аоди а што не. Мора да постојат некои норми сепак, како што како и каде оди, а тоа дека секој ќе си гледа што сака, не е спорно.

  6. gorde

    Jas posle ova sto go vidov na Tv sabajlevo na nekoe si Bravo shoo na Suzana Turundjieva …..resiv deka poveke nasi televizii nema da gledam osven ako fatam narodni prikaznai na MTV ………

    Imase viknato edna gostinka Biljana so ogromi cicki izlozeni na posluzavnik so ogromen krst izmegu niv …….a toa ama lupase gluposti ,glupost do glupost ,,kako ona mazoti go cekala 3 godini i apstinirala so sexsot mislam daj ve molam ……neznam dali da se smejam dali da se nerviram :)))))

    Sega Bojo otvara nova Tv kaj mene vo malo …..pa ke vidime sto se ke ni prinudi da gledame …..

    Radio difuzija da ne postoi kako regulatorno telo ,toa i onaka ne funkcionira …….ama aj .

Коментарите се затворени.