Media & Marketing Blog

[Подкаст #50] Јубилеен подкаст на Комуникации.нет

Педесеттиот по ред подкаст на Комуникации.нет беше посебен. Не само затоа што беше јубилеен, туку и затоа што за првпат во студиото на Радио МОФ бевме во комбинација која никогаш претходно не била во тој состав. Домаќини на епизодата бевме јас и Сеад без гостин и за прв пат без Дарко.

Отсуството на Дарко ни даде за поголема слобода јас и Сеад да си расприкажеме малку повеќе од обично за НБА. Сезоната само што започна и ние имавме и тоа како да кажеме многу работи за тоа како НБА како индустрија ги користи разните медиумски платформи за да ја достави содржината до своите корисници. Една совршена хармонија на користење на социјални, традиционални, онлајн и офлајн медиуми од чие следење секоја компанија и организација може да научи доста.

Play

Втората тема на разговор беше Е-society конференцијата, меѓународна конференција на која темата за оваа година е: „Отворено образование за отворено општество – Да го споделиме знаењето!“. Оваа конференција ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Холидеј ин.

2 коментари на “[Подкаст #50] Јубилеен подкаст на Комуникации.нет”

  1. Dona

    Честитки на Комуникации.нет и на Радио МОФ, и бравоооo на Мите и Сеад:))

Коментарите се затворени.