Media & Marketing Blog

7 совети за подобар мобилен веб сајт

Го прочитав постот на ИнтернетМаркетинг.мк за GoMo на Google и веднаш појдов таму да си поиграм малку. Загреан за темава пред утрешниот Mobile Monday каде ќе се зборува токму за мобилните веб апликации наспорти нативни апликации за секој мобилен оперативен систем одделно мислам дека супер ќе дојдат и неколку основни препораки за градење (правење) мобилна верзија на вашиот веб сајт.

Препораките всушност се преземени (адаптирани и скратени) од деталниот извештај кој можете да го добиете ако ја тестирате мобилната верзија на вашиот сајт на: http://www.howtogomo.com/en/#test-your-site.

1. Внимавајте на брзината на вчитување

Корисниците на мобилни телефони најчето се во движење кога го користат телефонот, и секогаш се во брзање. Ним им треба брза информација до која можат многу лесно да дојдат. Затоа внимавајте вашиот сајт да се вчитува брзо и да може лесно да се скенира неговата содржина.

– ставете приоритет на содржините кои би ги интересирале корисниците на мобилни телефони;
– искористете ги алатките за статистика и аналитика за да видите кои содржини најнмонгу ги користат посетителите од мобилни телефони;
– намалете ги долгитепараграфи со текст и употребувајте повеќе набројувања;
– компресирајте ги фотографиите за да заштедите на времето за вчитување.

2. Поедноставете ја навигацијата

Никој не сака да биде збунет, особено кога нема време за тоа. Чиста навигација, а кај големите сајтови и видливо поле за пребарување им овозможува на посетителите брзо илесно да го најдат она што го бараат

– исфрлете ја потребата од скролање и прикажете ја содржината на првиот екран што е можно почесто;
– избегнувајте rollover-и
– овозможете им на корисниците лесно да се движат низ сајтот со копче за назад (back) и почетна (home)
– вниавајте на секоја страна да неамте повеќе од 7 линкови, по можност да се помалку
– на посложени сајтови осигурајте се дека има полеза пребарување на секоја страница

3. Направете го лесен за кликање со прсти

На мобилни уреди корисниците кликаат со прсти, особено со палците. Дизјанирајте ја страницата на начин на кој дури и оние со најголеми палци ќе им овозможите лесна интеракција.

– употребувајте големи, централно поставени копчиња со доволно празем просто од страните;
– на полињата за одбирање (check box) направете го целиот текст кликлив за полесна употреба

4. Дизајнирајте во сајтот за да биде лесно видлив и лесен за помнење

Направете го вашиот сајт да биде видлив и при слаба светлина, и избегнувајте да предизвикувате болка во очите на корисникот

– креирајте контрасна позадина и текст;
– осигурајте се дека содржината може да се чита без дополнително зумирање;
– употребувајте разлина гоелмина и боја на текст/линк за да ја истакнете важноста на истите;
– употребувајте 3D ефекти и сенки на копчињата.

5. Направете го достапен

Во идеален случај вашиот мобилен сајт би требало да работи еднакво на сите мобилни уреди и таблети, без ралика дале се свртени хоризонталн или вертикално. Најдете алтернативи за flash, nекои уреди не го користат

– употребувајте Html5 за интерактивност и анимации;
– прилагодете го вашиот сајт за хоризнтален и вертикален приказ;
– погрижете се корисниците да останат на истата локација по вртењето на уредот.

6. Локализирајте колку можете повеќе

Корисниците секогаш бараа локално информации на својот телефон, од локација на банкомат до понуда на ресотрани. Употребете функции кои ќе им овозможат на корисниците да ве најдат и да стигнат до вас.

– објавете ја вашата адреса или листа на локации на целната страница (landing page)
– користеет мапи и GPS за да персонализирате содржина кога можете;
– дозволете им на корисниците да ја проверат достапноста на производите во најблиската продавница

7. Употребувајте редиректирања за мобилната верзија на сајтот

Станува збор за код кој детектира од каков уред доаѓа посетителот и му ја прикажува онаа верзија на сајтот која нему најмногу му одговара.

– дајте им можност на корисниците да се врата на десктоп верзијата, но бидете сигурни дека враќањето на мобилната верзија ќе биде еднакво лесно;
– дајте им можност на корисниците да одберат која верзија на вашиот сајт ќе ја користат во иднина;

Повеќе информации и детали секако може да надјете на http://howtogomo.com а дополнително би сакал да споделам уште еден линк од гурут за употребливост Jakob Nielsen: Mobile Usability Update