Media & Marketing Blog

Кога е објавена оваа вест?

Планирав на темава да пишам посеопфатен пост, ама денешниве настани ми го сменија планот.

Нели во денешницава интернетот е најбрзиот медиум, и нормално јас решив да ги следам актуелниве случувања токму таму. Единствена солидна опција ми беше сајтот на А1. Горе долу тоа ми беше и единствената опција, останативе news сајтови немаат ништо, а  порталиве, нормално, пренесуваат само агенциски вести.

И се наместив јас фино на А1 вести, и чекав нови информации. Како одминуваше денот сфатив дека се што треба да првам е да стискам F5 (refresh) на истата вест, и така ќе дознаам што е ново.

Не е толку лошо тоа, ама вестите на А1 немаат време кога е објавена веста и не знам кога на што да верувам, бидејќи бројот на жртвите во насловот континуирано се менуваше, небаре каунтер да е. И оп, после некое веме се појави и нова бројка во насловот. Уапсени. Е ама сега, според последниот F5 не биле 6 него 5, веројатно еден им киднал  во меѓувреме или некој погрешно ја преправил веста.

Како и да е, сторијава имаше минимум 10 варијанти (до сега: 14:30), без да овозможи хронолошко следење на настанот, и без во ниту еден момент да истакне кога е објавена истата. Секоја чест на А1, за тоа што се единствени што не информираа денес, ама ќе мора малку да се подготват повеќе за вакви ситуации, во иднина (вакви: мислам на следење активни настани, не дај боже да има вакви исти уште).

Интернетот има голема предност со својата брзина, но многу често тоа е и најголемата опасност.

13 коментари на “Кога е објавена оваа вест?”

  1. doktor

    Што не ти е јасно бе комуникатору наш најсакан? Фино си пишува „07.11.2007”… веста се одвива цел ден 🙂

    Туку, шала на страна. За жал само А1 известуваше од местото на настанот преку интернет (или барем јас не можев да најдам друг извор).

    Сега за самата вест со наслов „8 загинати, 5 уапсени во акција против Јакупи и Шити” доколку ја прочитате нема да најдете ниту еден збор ниту за Јакупи ниту за Шити.

    Што всушност може да се разбере (а што не) од самата вест таква каква што е в овој момент на сајтот на А1

    – Имало полициска акција во реонот на тетовските села Бродец, Вешала и Вејце (кога почнала и кога завршила акцијата, колку полицајци учествувале во неа и колкумина барале?)

    – Нема жртви од страна на МВР (има ли ранети и ако има во која состојба се?)

    – Не е соборен хеликоптер на МВР како што објавиле некои медиуми

    – Акцијата била со цел апсење на криминалните групи на Лирим Јакупи – Нацист и Рамадан Шити (постигната ли е целта?)

    – Блокирани беа сите приоди на Шар Планина кон подрачјето на коешто се одвиваше акцијата. (Уште се блокирани или повеќе не се блокирани приодите?)

    – Пред неколку дена кај селото Одри, во пресметка на криминални групи бил убиен Џавид Морина. (Пред колку дена и каква е врската со оваа нформација?)

    – Морина сакал да и се придружи на групата на Јакупи.

    И сега што? Сега ништо, се кладам дека во следните 2 дена ќе трчкаат новинари на релација МВР – Тетово – Влада – А1 и дека нема да ни понудат одговор на овие прашања, а како компензација ќе почнат да прашуваат секого за мислење

  2. Стеван

    Информациите ги стававме на сајтот онака како што доаѓаа. Значи некои од нив беа од официјални извори, некои од неофицијални, некои потврдени, некои не.

    После вестите во 16 ќе има ново ажурирање, а после вестите во 19 уште едно, ако има нешто ново.

    Веројатно треба да се размислува сајтот да се прошири така што како информација за веста покрај датумот да стои и времето на последното ажурирање.

    Од друга страна вакви случаи кога некој настан се следи континуирано во текот на денот и нема многу често, па се трудиме преку насловот на веста да покажеме дека нешто се сменило.

  3. darko156

    Од она што јас досега сум сретнал како пракса, кај странциве е доколку веста се менува значително, тогаш се става цела нова сторија и се линка до претходните верзии.

    Ако се променува само некој детал со кој не се нарушува целата вест, се менува истата сторија.

    А ако се дополнува отпосле, може на крај или на почеток да се стави дел кој јасно ќе биде издвоен и појаснет кога е до-објавен.

  4. darko156

    Онлајн развој на настаните:

    11:38 – Нема загинати и ранети цивили и полицајци во акцијата кај Бродец

    13:37 – Најмалку еден убиен во полициската акција на Шара

    14:47 – Најмалку осум убиени во полициската акција на Шара

    сега (17:53 по мое) – 4 загинати, 6 уапсени во акција против Јакупи и Шити

    само сакам да ги наредам изворите, без некои коментари или заклучоци

  5. Џаман

    Одличен и навремен пост.

    Без времето на објавување, нека биде и изворот на информацијата, немаме ни можност за аналитика, оценки, кредибилитет, па дури и политичка проценка.

    Да не бидеме престроги, има и објективни околности при следењето на вакви настани, но сепак времето, а еве и јас би сакал ова да се промени за во иднина.

    Поздрав Дарко

  6. gemidjy

    Затоа е најдобро Вики сајт 🙂 си пратиш Историја на страната

    jk (можда и не), можда брзале да објават информација што е можно побрзо од другите па ги менувале податоците на секој час.

  7. Тони

    „, бидејќи бројот на жртвите во насловот континуирано се менуваше, небаре каунтер да е“

    ха ха ха… 🙂

    Браво!

  8. sead93

    Браво за А1 сајтот, денес се коригираа и во однос на овој мал, но многу важен детаљ. Секоја чест за отвореноста за конструктивни сугестии!

  9. Стеван

    Од денеска е сменет сајтот и сега покрај датумот се прикажува и времето на последното ажурирање.

    Се надевам дека тоа, во некој евентуален иден ваков случај, ќе направи на читателите да им биде појасно што се случува.

    Во секој случај и денеска во разговор со Жане Лупевска ми беше потврдено дека информациите се менувале од минута во минута, меѓу другото ми спомна дека еден потешко ранет прво го сметале за починат, па после тоа „оживеал“.

    На крај, мислам дека најсолидно ја сработивме вчера работата во однос на сите други медиуми. Меѓу другото, од разни медиуми идеа вести за соборен хеликоптер, запалени куќи на селаните, цивилни жртви, …

  10. darko156

    Мислам дека може да се извлекуваат многу позитивни примери од вчерашниот ден, но истите тие може да се искористат и за многу подобрувања.

    Техничкиот дел, докажано 🙂 е најбрзиот кој се адаптира, но потешкиот е оној кој треба да го направат самите новинари. Тие сеуште не се подготвени за динамиката која ја наложува онлајн објавувањето на вестите.

    Тука ќе треба да се работи малку посериозно на надградување, на изготвување на пракси и политики за објавување и сл.

    Нашите медиуми, вчера се докажа тоа, сеуште размислуваат со крајни рокови наметнати од тв, весник итн. а се во меѓувреме е некако спонтано.

    Нормално, треба да има ударни термини, и за онлјан објавувањето, но сепак динамиката е различна, и ќе повторам, време е да се поработи на неа. Бидејќи очигледно е дека публиката, читателите, гледачите имаат потреба од подобро следење на настаните онлајн.

  11. chaudiere prix

    Thanks – Enjoyed this post, how can I make is so that I receive an email sent to me every time you write a new post?

Коментарите се затворени.