Media & Marketing Blog

Блогот не е мртов

Малку е непријатно на блог да пишувам зошто блогот како медиум не е мртов, ама па од друга страна и нема подобро место за тоа нели? 🙂

Минатата недела една новинарка од неделникот Форум побара изјава од мене на тема заработка од блог. Тема на која имам пишувано и дискутирано често пати. Едно по едно, прашањата ја наведоа да ме праша за состојбата во која се наоѓа блогот, во светот но и кај нас. Откако одговорив на прашањата, изминативе 2-3 дена налетав на некои постови и истражувања кои го поткрепуват мојот став.

1. [Technorati] State of the Blogosphere 2010

Ова истражување се спроведува уште од 2004. Ако за момент некој помисли дека тоа веќе не постои затоа што сите подзаборавивме на еднаш актуелниот Technorati,  еве демант. Последново истражување било фокусрано на бизнис блoговите и на жените блогерки.

As Richard Jalichandra, president and CEO of Technorati explained in his opening gambit, the state of the blogosphere is strong. “I dare say that the blogosphere has grown into a mature media channel,” he said.

Though are many reasons for this, one of the key takeaways from 2010’s report is the importance of professional bloggers. Why is this? Jalichandra pointed to the experience of these bloggers (which means that they have the knowledge to produce good content), their massive reach, ability to influence other bloggers – and their place as a valuable channel for PRs to pitch.

The scope of the professional has grown this year, as Wendy Hutter – senior VP of Penn Schoen Berland (who conducted the research) – added. Part-timers, corporate bloggers and those who are self-employed are all considered part of this category. Two thirds of the 7,200 interviewed were male, 65% were aged 18-44 and 11% say blogging is their primary income.

Извадоците се преземени од постот на Reputation Online а целото истражување е достапно на: State of the Blogosphere 2010

2. [eMarketer] Corporate Blogging Goes Mainstream

If you look at the recent statistics shared by eMarketer, you’ll see that only about a third of companies use blogs. But if you look at the growth over the last three years, the use of blogs has actually doubled (!).

The focus on Twitter and Facebook is understandable: they’re nearly universal, they’re easily accessible via mobile devices, and there’s the ability to instantly connect users’ thoughts, actions, and comings and goings via those platforms. But blogging is more than that – or at least has the ability to be more than that.

The first thing is, it’s long form content. It gives companies the ability to have a greater narrative and develop more nuance around the message. Stories can be told in serial format so that a  predictable cadence is established, with regular posts on known topics. Over time, this builds a relationship and perhaps even loyalty from readers. And fundamentally, marketing is about storytelling.

There’s no reason your marketing efforts have to be an either/or mentality. If done well, blogging can incorporate the benefits of traditional marketing as well as the new. For example, integrating blog content or headlines into the corporate website in order to keep it fresh.

Извадоците се од блог постот на Scott Monty: We`ll always have blogging а изворните податоци се достапн на Marketer: Corporate Blogging Goes Mainstream.

Текстот објавен во последниот број на Форум го нема на нивниот сајт. Не знам која им е политиката на објавување, но во секој случај еве еден кратко дел од него на оваа тема:

Денес не постои сериозна компанија, посебно оние што продаваат или произведуваат услуги кои се поврзани со интернетот, да нема свој блог. Зависно од стратегијата, директно или индиректно продавате знаење и производ. Всушност треба многу знаење, а луѓето наивно му приоѓаат на проблемот. Кога се блогира зад некое корпоративно име, третманот на публиката е различен, процесот кој треба да се изоди за да се добие кредибилитетот е поинаков. Проблемот е што ако не се направи како што треба, може да има контраефект. Авторите ќе пишуваат во некоја насока и на конкретна тема, ќе се профилираат себе како познавачи и ќе имаат моќ да соберат публика околу своите блогови.

Веќе неколку месеци со задоволство констатирам дека, конечно, во Македонија почнаа да се појавуваат сериозни блогови. Под сериозни подразбирам блогови кои имаат одредена тема и цел, а тука секако влегуваат и корпоративни блогови. Би сакал да направам листа, ама ќе биде многу субјективна затоа што блоговите кои ќе ги наведам ќе бидат на теми кои мене ме интересираат или пак блогови во кои имаме директна вклученост.

Затоа ќе те замолам тебе во коментарите на овој пост да споделиш линк до македонски блог кој си го открил оваа година а кој залужува внимание. Се надевам дека на овој начин ќе дојдеме сите заедно по поквалитетна и порелевантна листа која ќе го потврди мојот став дека македонската блог заедница се враќа. Но оовј пат наместо квантитативно таа се развива квалитативно.

3 коментари на “Блогот не е мртов”

  1. Ванчо Орданоски

    Навистина има добри блогови, тука си во право.
    Само уште да избегаат од blog.mk платформата, која ги гуши и блогерите и читателите.

  2. Darko Buldioski

    Ванчо, платформата е најмал проблем кој се решава. Си има таа и свои предности и недостоци, туку не е тоа муабетот, не ми спинувај дискусија 🙂 дај листа на нови блогови….

Коментарите се затворени.