Од извори блиски до Фејсбук

Ми беше дојавено за следната вест, (фала Дарјан), откако низ самиот Фејсбук неколкуратно се издекларирав како ироничен „зенофил“:

 Популарниот рапер и миленик на жените, Тони Зен најверојатно пред некое време тајно се венчал со својата долгогодишна девојка, скопјанката Ирина. Негови блиски велат дека сега станал по сериозен од порано и дека сега размислувал само како оженет човек. Доказ за тајната венчавка на Тони и Ирина е личниот сајт на наводната невеста на страницата Facebook, каде во полето кај моментален емоционален статус пишува ОМАЖЕНА. Отидовме да провериме и на сајтот на младоженецот Тони. Но, таму освен датумот на неговиот роденден не наидовме на друга информација. Со ова познатиот рапер само ги подргева шпекулациите за евентуалната тајна венчавка со неговата голем љубов.

Сега не знам на што попрво да се изнасмеам…(а) „личниот сајт на страницата Фејсбук“ (белким е обратно :), (б) моменталниот емоционален статус :), (в) Фејсбук како доказ за брак комбиниран со тоа дека споменатиот бил „посериозен“ и.т.н.

Колку и да е сево ова хумористично, шеговито и симпатично, доколку самиот Тони Зен не се лути на сево ова , сепак е во подиректна форма доказ и показ како новинарите лесно се навлекуваат на сензационалистички работи, или се обидуваат нас да не навлечат на тривијалности, како во естрадата, така и во политиката. Просто да не веруваш дека некој од промена на статус на Фејсбук направил „новинарска“ вест или пак прилог. Нема д аверувате колку вакви трачариски „докази“се извори вредни за цитирање и во „серизоните“ вести.


sead93

Сеад е магистер по комуникации кој проучувањата во комуникациската наука ги фокусира на популарната култура, новите медиуми и пропагандата. Издал две книги збирки културолошки есеи (двете во 2002) и редица текстови во неколку списанија во земјата и надвор од неа (Lettre International, Наше писмо, Блесок, Културен живот, Разгледи, Balcanis…). Со својата смисла за хумор, неуморно „им го прави денот” на голем број интернет корисници.
This entry was posted in Personal and tagged , , , . Bookmark the permalink.

3 коментари на "Од извори блиски до Фејсбук"

Коментирај!