Media & Marketing Blog

Facebook маркетинг

Последниве две недели неколку пати отворивме теми во кои главна улога имаше сервисот за социјално вмрежување Facebook. А и како да не ги отвара човек темите кога и политичарите и славните се таму.

Кога разговаравме со Сеад пред да го напише постот за Facebook и политичарите, му реков дека ќе напишам јас некој збор повеќе за една од забелешките кои се наведени таму:

Како да се искористи Facebook максимално?

Како за почеток еве една презентација за да се знае зошто токму овој сервис е плодна почва за маркетинг активности.

Да се оградам, не сум голем фан на овој сервис, Мите е. Не му ги знам сите можности на памет, но сепак знам доволно за да сфатам дека може да се искористи за многу повеќе од тепање време. Како надградба на презентацијава каде се наведени голем број од можностите кои ги нуди Facebook, еве неколку совети за оние кои сериозно сакаат да видат некоја корист од сервисов (пред се мислам на комерцијалните ентитети):

  1. Слушај, слушај, слушај. Знам досадно е ова, сите го повторуваат како расипана лента да голтнале, ама штом толку се повторува мора да има нешто зад тоа. Тоа е првото правило во денешниот онлајн маркетинг. Секој кој се занимава со маркетинг во новите медиуми мора да го има на ум тоа и да не го заборава, ама никогаш.  Facebook е измислен за „слушање”. Сите таму нешто кажуваат. Кој им е омилен фим, кој бенд го слушаат, на кој актер или серија се фанови, на кој настан ќе учествуваат, кој блог го читаат, каков карактер се и уште мал милион други работи. Е па, преостанува некој да одлучи што го интересира и да слуша и да слуша и да му се здосади од слушање.
  2. Не мора да се биде оригинален. Иако секако, секогаш е подобро да се биде оригинален, но ако веќе некој направил некоја алатка во сервисот зошто да не ја искористите за вашите потреби. Брендирање е една опција, спонзорирање е друга. Постојат и уште еден куп други кои може да донесат резултат. Градење на заедница не е наивна и лесна работа, ако некој веќе ја изградил, зшто да не се шлепате? Инвестиците и ризикот, теориски гледано, би биле помали, а резлутатот побрзо видлив и секако поголем.
  3. Дислокација на искуството. Што ли значи ова?? Се мислев како да го крстам, а да биде во сличен стил како претходните две. 99.9% од интернет сервисите денес нудат опции за поврзување на други апликаци со нивната (преку API). Да, и Facebook го нуди ова, но од мај оваа година тие воведоа еден интересен сервис наречен Facebook Connect. Оваа апликација дозволува јавна интеракција и размена, како и објава на податоци на самиот сервис, без воопшто и да се наоѓате таму. Значи, на кој било друг сајт може да се постави дел каде корисниците на Facebook ќе си се дружат, се разбира во паметна брендирана околина.

Ај доста е. Не сум јас нешто премногу паметен на оваа тема. А и не ми е целта да оптоварувам со многу детални совети за употреба на Facebook. Има на интернет доста вакви совети. Ако те мрзи да бараш еве еден линк кој може да послужи како добар старт: The Facebook Marketing Toolbox: 100 Tools and Tips to Tap the Facebook Customer Base.

И, се разбира, пред да го напуштиш блогов стани редовен читател на блогов преку Facebook:
Join my network

И придружете ни се на нашата “cause” за промоција на новите медиуми.

2 коментари на “Facebook маркетинг”

  1. ribaro

    уф.. страшно добар линк. фала за добриот старт 🙂

  2. Anonymous

    Мала поправка јас не сум фан, туку "тежок корисник" на facebook.

Коментарите се затворени.