Media & Marketing Blog

Предзнаење

Деновиве на виделина се појави total.com.mk, од пред некој ден јас станав свесен за електронскиот весниk (е-newsletter) E-Еснаф, a од поодамна го знам и дневниот весник Секој ден.

Зошто сите овие на куп? Епа причината е едноставна. Ниту еден од нив не ги прати светските трендови и научните истражувања кога се во прашање онлајн весниците. Рака на срце Тотал изгледа најнапред, но неговата неприлагоденост за повеќе пребарувачи го враќа чекор поназад. Сите останати имаа мани, помали или поголеми.

Многупати досега сум сретнал коментари кои велат дека за да биде еден веб програмер или веб дизајнер успешен креатор на веб решенија не треба да ги знае само техничките работи. Има тука и малку теорија која треба да се помине пред да се започне некој ваков проект.

Дали програмерите се тие кои треба да се занимваат со теоријата не сум релевантен да кажам. Но сепак некој мора, зошто вака работава не ја бива.

Имено јас, кој нема никаква допирна точка со развој на вакви сстраници (портали), при моето online истражување за потребите на мојот труд за електронски весници успеав да најдам некој трудови кои се однесуваат токму на оваа тема. Кога јас сум можел случајно да нелетам на вакви текстови верувам дека некој кој се занимава со ова треба да знае многу повеќе од еден текст.

Резултатие не го покажуваат тоа. И навистина е жално. Само еден мал недостаток на горенаведените страници колку за пример: немаат RSS feed.

Јас налетав на овој PDF (1.5 MB) кој можеби ќе му се види корисен на некого. Ова е неговиот апстракт.

This thesis focuses on the role of design patterns in the design of the online newspaper genre. The research question put forth here is: How can design patterns be used to improve the online newspaper design process? Genre theory was applied to revile the structure and visual pattern of online newspaper design in an analysis of 85 Swedish online newspapers. Based on the results from the genre analysis, the concept of design patterns was used in forming basis for a common language for actors involved in designing online newspapers. This thesis provides a) a framework for understanding design characteristics of a specific digital genre, usable for generating design patterns b) a mapping of the design characteristics of the Swedish online newspapers c) a basis for a common design language, expressed in a template for design patterns based on genre characteristics for the online newspaper genre and d) a number of high level design patterns written specifically for front pages of online newspapers.

Сега ми стана јасно зошто сум се израдувал толку на одлуката на хрватскиот весник за најмување на професионална интернационална фирма која ќе го изработи нивниот дизајн (претходен пост)

2 коментари на “Предзнаење”

  1. Anonymous

    Пријателе, ти си испомешал баби и жаби. Не сакам уопште да влегуем у дискусија, али си побарал да видиш што е тоа RSS feed и каде таа техничка опција се користи? Знаеш ли дека некои страни избегнуваат да го имаат?

    А уствари кој си ти? Кај студираш? За кај го пишуеш твојот труд пријателе?

Коментарите се затворени.