Media & Marketing Blog

Скрати ja веб адресата, како за на хартија

Неколку пати сум коментирал за лош избор, кога во некои домашни магазини сум наоѓал линкови до разни интернет адреси кои воопшто не биле кратки или едноставни за препишување. Ова важи и за YouTube клипови, во последно време тие ги има најмногу.

Првиот совет, ми беше да се направи група или профил на соодветниот сервис и таму да се стават сите клипови спомнати во печатената веризија, па да се препрати читатлот таму, тие адреси се секогаш полесни за памтење и препишување. Тоа е повторно возможно, но тогаш не ми текна за еден вид сервис кој постои одамна на интернетов. Скратување на линкови, односно пренасочување.

Јас прв пат го дознав од Marcel Mars на една работилница во Метаморфозис, и искрено имав заборавено се до денес кога го прочитав текстот на PressGazette.co.uk – Putting web links in print? Size really does matter…

Here’s the problem. You need, for whatever unavoidable reason, to include a web link (aka, properly, a URL) in a story for print. But the link is horrendously long – it spills over one, two lines, and you know that anyone who tries to type it in from print is bound to get it wrong. What to do?

Нормално решение е еден од многуте серви на интернет кој бесплатно ја нудат оваа услуга. Еве една таква листа на сервиси: Listing of URL redirection services. Една од причините зошто треба и едно интересно решение:

So, 18-character URLs for anything. It even works for YouTube links, which are very easy to mistype because they use both 0 (zero) and O (capital o), and 1 (one) and l (lower-case l), which are easy to mistake.

Redirection can get addictive, but it’s a fabulously easy thing to use, once you’ve got used to it (I’ve written a routine for InDesign which replaces a highlighted URL with its tinyurl form – we use it all the time at The Guardian). And for readers, it’s a good way to bridge the gap between print and web.

Она што мене ми падна на ум читајќи ја оваа информација, е зошто во весник да ставате линк со туѓ бренд, со туѓ домејн. Зошто еден Гардијан да не инвестира малку труд, не верувам дека е којзнаес што, и да си направи ваков систем во рамнките на својот домејн, па така место tinyurl.com/ygv8bt во весникот да стои guardian.com/ygv8br ?

И на крај еве уште една фина работа за олеснета комуникација, овој пат ако сакате да пренесете линк или некој текст кој треба да се сурфа/чита на мобилен. Станува збор за QR Code, овде може и вие да направите, ама за ова повеќе во некој следен пост 🙂

Уште еден линк:
Informal survey of the competitive Web Sites That Shorten Long URLs

4 коментари на “Скрати ja веб адресата, како за на хартија”

  1. dasaf

    оваа работа ми сметаше уште од самиот старт на моето сурфање. и тоа ми смета и дожината самиот домеин. сум си имал работа да убедувам луѓе дека: http://www.zdravstvenaorganizacijapomos.com.mk е ужасно лош избор, и прелоша реклама.

    после некое време излезе веббилдерот на НекстСенс со најбесконечнодолгителинкови… ужасно…

    така да оваа идеја ми дава потврда дека и јас сум бил во право 🙂

  2. Глиша

    http://skrati.net

    На хрватски е страницата, но домејнот е и македонски збор. 🙂

    И не е како tinyurl.com со автоматски код туку можеш да си избереш ти што да биде кодот.

  3. darko156

    Па уште и букмарклет си направил 🙂 па па па

Коментарите се затворени.