Media & Marketing Blog

Times Mobile

Times во Јужна Африка неодамна го лансираа Times Mobile. Специјализирана платформа која детектира од каков мобилен уред се отвара страницата и испраќа соодветно форматирана мултимедијална содржина

“The African mobile market is currently the fastest growing in the world, so it’s important that every media company gears their strategy towards having a strong presence in the mobile arena,”

“In South Africa, far more people have access to the internet via their mobile phones than from regular PCs. Therefore, we need to be able to offer our digital content in a user-friendly and accessible way to our readers. We also expect this mobile platform to turn into a highly effective advertising channel.”

Уште една корисна лекција. Следи ги корисниците. Понуди им содржина таму каде што тие се наоѓаат.

Според последниот извештај на Завод за статистика во Македонија во првиот квартал од 2008 година, од вкупното население на возраст од 15 до 74 години мибилен телефон користеле 78,7%. А 29,4% од домаќинствата имале пристап на интернет од дома.

За жал локалната пондата на интернет е слаба, а воопшто нема потреба да зборувам за онаа на мобилен. Кој треба да повлече нога?

3 коментари на “Times Mobile”

  1. Miladin

    Па еве јас користам интернет на телефон и многу е забавно и иако е релативно скапо ако користиш програма што ќе ги смали податоците ќе потрошиш помалку пари а исто и татко ми користи за да види фудбалски резулати на нет. Досега на сите што имале телефон сум им кажал за таа можност и никој ми се нема пожалено 🙂

  2. Милчо

    Чисто колку за контра
    http://alsat-m.tv/mk/mobile

    а инаку на времето и МобиМак имаше нешто слично а колку знам и WAP содржините се нудат со User Agent.

    Ама нејсе прашањето е за која публика во моментов.

    Се надевам дека за година две сето ова ќе се измени.

  3. Darko Buldioski

    Фала за линкот Милчо, немав приметено на Алсат-М дека имаат верзија за моблен.

    Сепак, се чини сеуште е скапо, и нема доволно содржина за да може да се очекува голема стапка на употреба.

    А како што пишав, потенцијал има. Мобилни има, луѓе ги користата, ми се чини дека пазарот е амлку потценет.

Коментарите се затворени.