Media & Marketing Blog

За наивноста на македонските медиуми…

Гостински пост на Петар Николовски, нашиот сорботник на mobile.komunikacii.net кои будно ги следеше сите шпекулации и сеири поврзани со Алфа и Пинк.

Изминативе неколку денови низ македонските медиуми наголемо се шпекулираше за продажбата на телевизија Алфа на српскиот медиумски гигант „Pink“.  Дневниот весник Дневник на два пати и А1 Телевизија беа двете медиумски куќи кој најмногу ја форсираа оваа вест, додека про-владините медиуми мирно си молчеа за продажбата (иако нашироко шпекулираа за некoи новинари дека ќе заминат на високи позиции во новиот Пинк). Што всушност се случи?

Да се навратиме десетина дена назад. Што се случи? Некој на 5-ти ноември лиферува информација дека сопственикот на ПИНК ТВ, на средба во Александар Палас потпишал купопродажен договор со соптсвеникот на Алфа ТВ и дека веќе од петок (12 ноември 2010), оваа ТВ куќа ќе биде ребрендирана и ќе започне со нова програма.  Оваа информација веднаш беше третирана како ударна вест од страна на неколку електронски и пишувани медиуми. Неколку дена ударна вест во весниците и вестите беше договорот за купопродажба, менување на програмскиот формат, претстојната „шунд-изација“ на Македонија, изгубените работни места и што ли уште не.

Продажбата на Алфа ТВ е тема на дискусија на Twitter заедницата, на Facebook, како и на поголем број македонски форуми. Со еден збор, Алфа тв беше тема на речиси секој разговор, во секоја ситуација, во секој дом. Едни жалеа што „урбаната телевизија ќе си оди“, други се радуваат што Пинк ќе дојде.

Желни за топ вести, а работејќи по принципот на copy/paste, ниту една медиумска куќа не се заинтересира да побара копија од тој фамозен купопродажен договор  ниту пак да провери од каде дојде информацијата. Сопствениците на Алфа и ПИНК мирно си молчеа, а македонските медиуми се повеќе се вплеткуваа во мрежата која некој (како да им) ја сплете. Во целата оваа прикаска се најде само еден паметен новинар кој процени дека треба да провери во СРД дали е поднесено барање на пренос на сопстветност, кое патем, СРД мора да го одобри пред кој било договор да стапи во сила – и оп, во СРД никој ниту видел ниту чул за такво барање.

За просечниот новинар, ова би требало да биде црвено светло и причина подетално да се анализира веста, меѓутоа, освен што го изрецитираа ова пред камерите, нашиве не се напрегнаа да навлезат малку подлабоко во намерите на целата оваа работа.

Среда вечер, 10 ноември, околу 22 часот, на социјалните мрежи се пренесе неофицијалната вест дека преговорите се прекинати и дека  Алфа ТВ останува, а Пинк си оди дома. Оваа изјава убаво им го смести на сите оние печатени медиуми кои отидоа во печат пред 18 часот пласирајќи „нови информациии во врска со продажбата“ .Електронските беа нешто попаметни, па брзо-брзо се обидоа да ги избришат трагите од резилот. На веб страницата на A1 успеав да ја најдам само првата од низа вести кои тие ги пласираа, а беа поврзани со продажбата на Алфа ТВ.

Сето ова многу наликува на добро смислен маркетинг  трик кој сопствениците на Алфа ТВ одлично го изиграле. За овие неколку дена тие инкасираа рекламен простор кој по пазарна цена би вредел десетици милиони евра, а сето тоа благодарение на неспособноста или мрзеливоста на новинарите и желбата да се оцрни се што е во нечија туѓа сопствесност.

За без пари, Алфа се рекламираше на сите национални ТВ станици и весници, при тоа осигурувајќи се дека конкуренцијата ќе биде таа што всушност ќе кажува колку е добра Алфа ТВ.

Во Македонија се случи медиумска ПР кампања од огромен размер, а што е најинтересно, НИКОЈ, ама БАШ НИКОЈ, и да не е свесен за тоа.

Сето ова многу наликува на кампањата за  Formula 63 која во 60-тите години од минатиот век ја потресе Америка, и е една од најдобрите ПР кампањи направена од страна на медиумска куќа на сите времиња (за да дојдете до точната информација, одете до насловот  KDWB  The Radio Promotion that is in College Advertising Text Books).

Браво за креативноста на Алфа ТВ.  По сите урнеци ова е герила маркетинг, како од прирачник.

20 коментари на “За наивноста на македонските медиуми…”

  1. kapsarovb

    Тоа баш дека во секој дом се зборело за Алфа-Пинк, не би се согласил, ама тоа дека Штерјо собрал ептен квалитетни медиумски потковани креативци – алал вера :). Иначе најинтересното е што за ПР платформа е искористена неспособноста на новинарите и што ги дотепа уште толку сите тие што се залетаа со вжештени глави :), леле, жал ми е за таквите :(. Тоа се key-points во целата приказна…

  2. Vlado

    Auuu so me zabole i za pink i za alfa so da ti kazam.

  3. xime

    Normalno moze da se ocekuva takvo nesto od Lj. Nikolovski. Alal da mu e.

  4. Anonymous

    Интересна интерпретација на дешавката ама сепак мислам дека е далеку од вистината. Има една работа што си ja пропуштил, иако малку си ја начнал кога велиш дека провладините медиуми шпекулираа дека некои новинари ќе заминат во новата Пинк (не знам зошто не си ја спомнал Ивона Талевска, оти и главом и брадом се појави на насловна на Вечер-таму каде шо е заменик-уредничка).

    Според мене приказната е поинаква – т.е. ако се земат во предвид "српските релации" на преродбениците од влада тогаш се повеќе мислам дека тие имаат замешано прсти во оваа приказна, односно целта била да се неутрализира информативната редакција на Алфа, која е строго проопозициона, не е гледана како на А1 ама е прилично влијателна.

    А тоа дека никој не се јавил во СРД навистина е проблем, но не е од некое големо значење. Промената на сопственоста може лесно да се изведе, ако се сака и затоа е најбитно што ќе каже газда Штеки. А него го бараа новинарите.

    А веруј денес СРД има статус на англиска кралица, не им тежат баш многу одлуките, а и немаат некакви контролни механизми да казнуваат.

    Значи според мене, нема тука герила маркетинг, ами чиста политика 🙂

  5. Darko Buldioski

    Интересна е тезава Петар. Сепак, мислам дека е too god to be true 🙂 Нотира добри точки за наивнста и трката по сензација ама веројатно до сега во сите кафани и кафичи се знае „комплетната” вистина 🙂

    Владо, ок е локигава, ама па не мора да ги правдаш новинарите со тоа што велиш дека СРД не е релевантен. Зарем не објави А1 пред некое време според која одредба на СРД е казнет а во исто време се шпекулираше на големо за истата работа. Ни тогаш никој не најде мотивација да појде да ја побара одредбата и да види што пишува во неа.

  6. Anonymous

    А текстов воопшто не се разликува од текстовите и прилозите по мак. медиумите што ги критикува.

    Особено заклучокот.

    Ако некој во целиот случај покажува завидна доза на наива тоа е авторот.

  7. Anonymous

    Види Дарко, не ми беше целта да правдам иако можеби така изгледа. Сите знаеме дека Велија ја злоупотреби таа одлука на СРД да испинува дека власта му се заканува. Велија ама ич не му се плаши на СРД, како впрочем и другите.

    И не е баш така дека никој не се јавил и заинтересирал за одлуката оти човек од кај нас, од Фокус уште во понеделникот му се јави на Стефановски и веднаш ни стана јасна играта на А1.

    А дека СРД е англиска кралица не го вадам од ракав, ами тоа е факт. Нема никаква моќ да се спротистави на медиумите, а посебно на власта.

  8. Anonymous

    Ај да бидам и ја како Бранко па да ја доведам работата до апсурд 🙂

    Да го контактираш СРД за медиуми е исто како да го контактираш ИЗИС коа има поплави 🙂

  9. Aleks Andar

    /да расчистиме кој е наивен, тој што не побарал копија од договорот за наводната купопродажба или тој што верува дека ќе го добие? и која е правната рамка за објавувањето на доверливи информации кои билатералните страни имаат секакво право да ги задржат за себе? дури би се дрзнал да го изедначам тоа со примерите за индустриска шпионажа. кој би сакал да си даде таков автогол?

    за тоа колкав интерес предизвикал настанот, исто така не би се согласил, бидејќи единствена точка на интерес во сите муабети кои допреа до мене беше Пинк и самиот влез во Македонија. Каква Алфа, каква урбана телевизија, какви бакрачи. За овие неколку години нивниот имиџ меѓу професионалната фела беше подигнат само на ниво на „одлично платени фабриканти“ на една опозициска партија. Никаков рејтиг, никакви професионални достигнувања, никаква светла точка од медиумски аспект – публиката го кажала своето преку укажувањто на својот дел од довербата при изборот на програма за гледање.

    преувеличувањето на интересот за темата, глорификацијата на „одличната ПР кампања“ ми остава простор да се сомневам дали авторот има претстава за ПР или самиот сака да ја исконструира наводната акција. конкуренцијата ќе раскажувала колку е добра Алфа ТВ? и сето ова поради неофицијалните вести на социјалните мрежи дека преговорите се прекинати? навистина, кој е овде наивен?

    ја поддржувам секоја критика против copy/paste новинарството и спинувањето на теми од наводен интерес, меѓутоа кога менаџментот ќе им соопшти на вработените нешто, па кога дополнително Пинк веќе ја купил К-15 и барал втор партнер со терестеријална фреквенција и подготвени студија, овој пример е светлосни години далеку од некаква герила, а уште посмешни ми се обидите тоа да се претстави за мастермајнд. Браво за креативноста на Алфа? Мислам дека авторот се де-легитимира себе си од секаков натамошен коментар за просечноста на новинарите.

  10. Z

    Алекс Андар, не е ли премногу строга менталнава онанија?

    • Amberly

      Hi Teedy Bear, you do not have to colour your manaorcs you can leave them plain if you prefer. If you want them coloured then gel or powdered colour are the way to go.

  11. Anonymous

    Владо, не ми е јасно како овој потег можеше да ја неутраилизира информативната редакција на Алфа, кога тие само мудро си ќутеа. Ако ништо друго, ми се чини дека нивниот кредибилитет ќе зајакне.

    Роберто, дали сум јас наивен или не нема да дискутирам. Јас само го пренесов моето согледување на целиот овој циркус и го потркрепив со пример на вакви слични промоции. Дали и останатите (новинари пред се) ја напишаа својата домашна пред да ги пуштат текстовите во печат?

  12. Anonymous

    Што убаво кога професионалниве „филозофери“ меѓусебно ќе се поткачат. Сеир!

    А и „дежурните“ jugend-и не изостанаа.

    Може и сапунска серија да направиме. На Алфа!

    • Stormy

      SallySadie – I am not sure about the IKEAs elsewhere but the IKEAs in Southern California always have a bunch of cacce/sutculints and they have definitely lasted longer, look more beautiful, and were cheaper than a lot of the others I have gotten. Definitely trust IKEA if you can find what you are looking for.

  13. Гледач на А

    Почитувани, вие кои коментирате дека во целата оваа збрка никој не говорел за Алфа и нејзиниот квалитет, самите си противречите бидејќи токму тоа и го оравите во ова ваше излагање.

    Воопшто не ме интересира дали станува збор за добар маркетинг или пак за политичка игра. Она што мене како гледач на Алфа ТВ ми е важно е да остане досегашниот концепт на телевизијата на која реално има најдобри емисии.

    Вие слободно можете да продолжите со расправата околу тоа зошто и како настана сето ова и да погодувате која е целта на сопствениците, но ние обичните гледачи сме среќни што најурбаната телевизија во нашата земја продолжува да емитува програма како и до сега.

  14. Anonymous

    преговори имаше,газдата на пинк се однесувал непрофесионално и тоа го предомислило менаџментот за продажба, а дека беше добар маркетинг и тоа без да побара алфа да се случи, поради непрофесионалните медиуми.

  15. Jana Johns

    Види Дарко, не ми беше целта да правдам иако можеби така изгледа. Сите знаеме дека Велија ја злоупотреби таа одлука на СРД да испинува дека власта му се заканува. Велија ама ич не му се плаши на СРД, како впрочем и другите.И не е баш така дека никој не се јавил и заинтересирал за одлуката оти човек од кај нас, од Фокус уште во понеделникот му се јави на Стефановски и веднаш ни стана јасна играта на А1.А дека СРД е англиска кралица не го вадам од ракав, ами тоа е факт. Нема никаква моќ да се спротистави на медиумите, а посебно на власта.

  16. darko buldioski

    Ниту едно телоод типот на СРД нема реална моќ во државава. На сите ние тоа јасно. За жал.

Коментарите се затворени.