Media & Marketing Blog

BBC и AP водичи за социјални медиуми за новинарите

Како што постапно се развива интеграцијата на новите медиуми во активностите на т.н. класични медиуми (примарно телевизија и печат), и како што расте бројот на информативни интернет страници (агенции?), така и на авторите на овој блог им се наметнува потребата да дадат подршка на овие процеси со по некој пост со „лесна“ едукативна содржина. Се надеваме дека тие позитивно ќе влијаат врз развојот на медиумската култура и псименост како на новинарите, така и на нивните корисници.

Двата најразработени и највлијателни водичи се на BBC и на АР.

Пренесуваме неколку хајлајти од истите, кои мислам дека се интересни и од особено значење:

  • Редакциите ги охрабруваат своите вработени да ги користат социјалните мрежи (СМ) како неодминливо средство за комуникација во денешни услови.
  • Покрај правилата за професионална употреба и споделување содржини, редакциите им даваат насоки и затоа како да ги користат и своите лични профили и сметки на социјалните медиуми (BBC: Don’t do anything stupid… Remember that even though you are acting in your own personal capacity, you are on show to your friends and anyone else who sees what you write, as a representative of the BBC. If you are editorial staff, it doesn’t make much difference whether or not you identify yourself as someone who works for the BBC).
  • Не искажувајте политичка наколнетост во која било опција и ситуација. Нарушувањето на имиџот на компанијата како „непристрасен извор на информации“ е недозволиво.
  • Не споделувај доверливи информации преку СМ.
  • Ако имаш свој блог разговарај со својот претпоставен заради расчистување на одредени можни конфликти на интереси.
  • Споделувањето содржини од вашата редакција и евентуално автоматизирање на нивно објавување координирај го со колегите и уредниците.
  • Личните преференци (like, RT и сл.) треба да бидат внимателни кон претходно спомнатите интереси на компанијата (непристрасноста и етичноста) и треба да одбегнуваат изразување на одреден политички став, подршка или осуда (на пример не е дозволена содржина од типот: RT@jonescampaign smith’s policies would destroy our school ).
  • Интеракцијата на СМ со изворите на информации (функционери, портпароли, и сл.) треба да е крајно внимателна и да не наведува на наклонетост или пристрасност.
  • Новинарите треба да водат сметка дека границата помеѓу приватното и службеното е прилично кревка.

Ако ова доволно ве мотивираше, погледнете ги целосните водичи на овие две медиумски куќи:

BBC Social Media Guidlance      Social media guidelines for AP employees

3 коментари на “BBC и AP водичи за социјални медиуми за новинарите”

  1. Nikola

    Од скоро станав свесен за фактот, во Титова Југославија интензивно ни беше перен мозокот со изданијата на BBC!

    Во Хрватска продолжува перењето до денес, со непроменет интензитет.

    Македонија изгледа не им е од некој интерес.

    За Србија не ја знам состојбата.

  2. Billig fremkaldelse

    Слободата на говорот е vigitgt но новинарите имаат важна улога во општеството и своите ставови напори ќе било сјај ikek преку

Коментарите се затворени.