Media & Marketing Blog

BlogOpen.eu

И покрај неколкуте индиректни обиди државава да ме спречи да одам на овој настан, сепак, успеав да останам одлучен и во саботата да отидам во Нови Сад за да присуствувам на вториот BlogOpen во Србија. Оние кои беа околу мене минатата недела знаат за што зборувам 😉

Отидов за да се дружам, да се социјализирам, малку надвор од дома. И така и беше. Сакав да се запознаам лично со некои луѓе и тоа помина воглавно подобро одошто очекував. Фала Драган 🙂 и фала Милое.

Програмата ми беше во втор план, иако на харија изгледаше примамливо. Бидејќи си кажав дека сум задоволен од луѓето, сега може малку подетално да пишам како изгледаше низ моите очи овој настан.

Први беа Словенците од blogorola.com (тоа се оние кои ветија дека ќе стават и мк блогови :) и навидум досадното претставување на еден од посериозните регионални агрегатори, момците покажаат дека ќе одат подалеку. Тие водени од некои теории на Geert Lovink ја затвораат страницата на блогосферата како затворена зедница и отвораат врата за концептот наречен Open Media. Договориле соработка со Вечер, дел од најголемата медиумска куќа во Словенија, додале нови (social) содржини на постоечката Blogorola и решиле да излезат со печатено издание. Воведот, маицата на blogowski и дел од презентацијата за Blogorola има на ова видео преземено од razgovori.com :

Навистина убав предизвик си поставиле момците. Имаше и кратка интересна дискусија. Еден дел од интересното во неа го пиша Драган. весникот го имам, и изгледа навистина убаво, шарено, забавно, аико не разбираммногу од него 🙂

После нив зборуваше Дејан Бизингер, човекот кој стои зад блог мрежата на Б92. Го послушав малку, не ми се виде интересно, пред се зашто не сум фан на нивните ВИП блогери, а и поважен ми беше социјалниот елемент на настанот, па излегов да се дружам. Е, занесен у дружбата, ненамерно ја пропуштив следната сесија на која зборувалаVladislava Gordić Petković, за која ми рекоа дека била интересна ама темата нешто не ме предизвикуваше многу.

Следуваше најочекуваната сесија на гостинката од Швајцарија Stephanie Booth. Мислам дека типката го направи она што и се очекуваше од неа. Одржа доста едноставна но крајно инспиративна сесија. Уште еденаш докажа дека за да умее човек со леснотија и разбирливо да зборува на одредена тема, треба навистина да ја има добро совладано и преџвакано и да биде добар комуникатор секако. Таа работи како блог консултант. И со присутните сподели повеќе аспекти од работата, не само техничкиот. 6 минути видео:

Talk: Being a Blogging Consultant

После паузата за ручек следуваа панел дискусиите. Тука очекував многу, бидејќи имаше тема која ветуваше: Novinarstvo u doba bloga. Ама се разочарав. Подолу ќе ставам линкови до постовите на другите и таму ќе прочитате кој се учествуваше. Но не очекував дека и српските новинари ќе презентираат став кон блоговите стар 3-4 години. И не очекував дека на еден блог собир ќе се појави новинар (со реноме) кој цврсто ќе стои на своето и ќе заземе став: „Сеа јас ќе ви кажам што е блог”. Истото се случи кога првиот пат бев кај Мирчевски во емисија, кога локалниот mIrc херој настапи слично. Нормално тука се разви жестока дискусија која заради лошата пропорција во дискусијата на панелот не траеше долго а ја резимираше учесникот на следниот панел г. Петровиќ од Хрватска (блогерот кој го апсеа пред некое време) со констатацијата дека Хрватската јавност/медиуми/блогосфера ги надминала овие детски болести и веќе такви муабети не се прават таму.

Последната сесија беше за блог активизам, мене малку нејасна, ама ај може и веќе бев уморен. Наместо да се дискутираат блог/онлајн елементите во двата интересни примера, (Петровиќ од Хрватска и онлај задницата на Бор) се дискутираа некои политички детали кои мене не им се видоа интересни.

Е, после официјалниов дел имаше и неофицијален, за кој и немав многу сила бидејќи претходната ноќ (не) ја пресапв во автобус. И тоа е тоа.

Резимирано: содржински настанот беше блиску до просечен, може малку подолу, но секако поважниот дел, социјализацијата беше позитивната страна. За крај неколку линкови кои би дополниле некој детали од мојава некомплетна долга и субјективна приказна.

За BlogOpen: Dragan Varagic, Stephanie Booth, Ivanino Blago, Nemanja Srećković, Gradzanski Blog, Marko Herman, Svakodnevica – Goran Anicic, Sandra Jakovljevic

Слики има тука: BlogOpen :: jesen 2007

Степ бај степ апдејт: Twitter/blogopen

Technorati Tags: , , , , , , , , , .

А, да, еве и доказ дека бев таму 🙂

 

5 коментари на “BlogOpen.eu”

  1. ribaro

    баш ми е кеф за тебе шо си бил таму, зашо знам дека ќе ги сподели искуствата овде. Туку, тие батките со кои социјализираше, знаат дека има ваму јадни души кои блогираат, имаат ли појма дека има и од Македонија блогери, пратат ли барем некој блогер или беше свако своју песму свира? А и шо бидна со тие од блогорола што ветија, да не искнтактира случајно со некој од нив?

  2. air jordans i

    Welcome Articles just like it directly to your electronic mail box seat!Take gratis now!

Коментарите се затворени.