Media & Marketing Blog

Рекламни трикови

Кога зборуваме за реклами, често забораваме колку е самата рекламна индустрија базирана на сериозни студии на нашите навики и сознанијата на социјалната психологија. Така најчесто ја потценуваме нејзината длабочина, а со тоа и подлегнуваме полесно.

Мотивите и целите на рекламите се едноставни (кажи ДА), а пораките кодирани неколкукратно, со цел да се сокрие едноставноста на мотивите на самата реклама.

Во прилог на медиумското едуцирање на тема реклами и како критички да ги третираме, неколку линкови и примери на оваа тема.

Сумарно земено најчестите психолошки трикови кои рекламите ги експлоатираат се следните:

  • Секс: Сексуалната природа на човекот е алфа и омега на рекламите. Колку да ни се чини дека е масовно користена, би не изненадило тоа колку се рекламите прикриено сексуални. Згора на тоа, на пример весникот кој на насловна става сексуално ориентирани сликици на индиректен начинви подметнува реклама за самиот весник. Купувајќи го весникот сте ја „попиле“ рекламата без да „ви текне“ како сте биле изиграни.
  • Џинглови: По манипулацијата со нашите визуелни сетила, под реден број два, следува манипулација со слухот и комплементарните ритам и мелодија, т.е преку ритмичната и повторлива музика. Кога некој џингл, слоган ќе ви се приврти в глава, тоа не излегува лесно. Како на пример можеш да одолееш на заразен џингл од типот на „Епинал, Епинал, Епииинааал…“. Тешко. Се прашувам само колку тоа што не учат на песнички во градинка нè прави поподложни на вакви реклами.. Ех, да знаев да и кажам на мојата воспитувачка кога ми бараше да ја испеам „Дувна ветре развигорче..“ дека одбивам да се подложам на тренинг за адвертајзинг индустријата.
  • Апсурдното: Да ги фасцинираш луѓето, импресионираш и приклониш кон некаква економски базирана одлука е најлесно преку сервирање на апсурдни ситуации и конструкции. Па имаш рекламни ликови кои летаат, скокаат од зграда, прават „најлуди“ (апсурдни) нешта, а токму таквите полесно се врежуваат во нашата свест.
  • Фантазирање: Апсурдното и фантазирањето често се испреплетуваат, и се хранат едно од друго. Како и да е, поттикнување на фантазирањето и на ситуации во кои можете да се проектирате себе си, се тешки за одолевање. Еден модел на потикнување на фантазијата (во основа метонимиски) е да изфантазираш да изгледаш како некоја манекенка или да си фаца ала Мајкл Џордан со тоа што ќе земеш нешто што тие земаат, другиот е метафоричен, па понудените рекламни слики и звуци да те наведат на „рајски“ асоцијации, и сл.
  • Сведоштво: Ако сте ја гледала Калиопи од пред некој ден како дава подршка на владините активности, во суштина тоа е тоа. Луѓето се прилично подложни на влијание на муабетотите кои с евртат околу нив. Препораката влијае во висок степен за тоа какви ставови донесуваме за нештата.

Она што не влезе во овие први 5 секако е: повикување на авторитет (Каролина за Комерцијална банка, на пр.), наметнување на консензус (ние сме најслушаното радио), навлекување на „солидарност“ (ти дава бесплатен период или гратис, очекувајќи дека ќе возвратиш со купување) и сл.“.

Еве блиц пример како рекламниот modus-operandi се прилагодува и кон така „стеснет“ медиум како што е „Twitter“:

6 коментари на “Рекламни трикови”

  1. SOLZA

    Секс, секс и само секс… и емоции, колку што е можно повеќе ирационално, на разумот тука не му е местото!

  2. purificadoras

    I found your blog website on google and verify a few of your early posts. Proceed to keep up the superb operate. I just further up your RSS feed to my MSN Information Reader. Looking for forward to studying extra from you in a while!…

Коментарите се затворени.