Media & Marketing Blog

Два дена до AllWeb

Се токмев да пишам веќе некое време, реков нема да пренесувам суви информации зaшто нив (ми се чини) доволно ги има на други места, туку ќе споделам дел од работите за самата конференција кои нас не прават возбудени.

Во петок ќе се случи втората по ред Allweb конференција. По многу нешта подобра од минатогодишната, но тоа допрва ќе треба да се докаже. Оваа година, на наше задоволство, компаниите се разбудија. Можеби оправдано, лани беше прва година и имаше резерви, но еве оваа година тие се малку поактивни. Ние малку поискусни и, секако, со дело зад нас. Во петок во CityHall ќе се случуваат многу работи кои се случуваа и лани, но ќе се случуваат и некои нови, доста интересни.

AllWeb

Програмата е готова веќе некое време, и како задолжен за неа морам да ви кажам дека сакав повеќе, секогаш сакам повеќе, но и оваа не прави ептен задоволни. На сцена ќе има повторно многу луѓе и многу муабети, со кратки презентации и долги панел дискусии. Надвор од сцената повторно се обидувавме да ги мотивираме компаниите и организациите да бидат дел од настанот, да се вклучат на начин на кој ќе придонесат за позитивно искуство на сите кои ќе дојдат. Нема да откривам детали, знам дека не е фер, ама уште два дена се, ќе се издржи.

Еве само малку, како провокација. За ѕидот ќе бидат задолжени Ambio, за твитовите ќе ни помогнат и официјалните твитерџии, за визуелната приказна ќе ни помогне @indog, а за активностите надвор од сцената тука ќе бидат Цедевита, Делимано, Литература.мк, Групер, Телеком и други.

Нема да ветуваме многу, но длабоко во себе очекуваме убав настан од кој ќе излезат многу задоволни лица. Е да, имаме и журка, во Концепт37, вечерта. За неа не се потребни влезници, ве чекаме сите таму, а за атмосферата ќе биде задолжен нашиот драг @ChaseWork.

Доста е, морам да одам да го доспремиме настанот, има уште работа… Да се испринтаат платна, да се направат нејмтагови, да се снимат аудио најави, да се однесе гарнитурата за на сцена… Да се лета камера… Има…

Се гледаме во петок, во CityHall и/или во Концепт37!