Media & Marketing Blog

Online во принт

Yeah!!!
Не е сефте, ама не е ни којзнае колку чест случај. Содржина оригинално објавена во некој online форма подоцна да се издаде во печатен медиум. Колку што можам да се сетам тоа го имаше Форум во својата месечна фаза, а еве сега и време во своето неделно издание.

forums.vreme.com.mkАко на уредниците им се бендиса вашиот коментар може да се најдете на страниците на неделно Време.Навистина овој потег е солиден но уште еднаш покажува дека сме чекор зад светот, што според мене е одлично бидејќи за разлика од овој пример на голем број други места сме повеќе од еден чекор назад.
Што мислам со чекор назад кога станува збор за форумите? Во светов дневните весници започнаа со една друга практика, т.е. тие креираат на своите страници блогови или wiki страници и ред други форми на CitJ чии содржини подоцна ги објавуваат во своите печатени весници.
Во секој случај поважна е суштината на напишаното а не е формата во која било искажано.