Media & Marketing Blog

ПЛЕТ Online

Поминаа повеќе од пет години. Некои работи се сменија, некои не. Некои продолжија со етнологијата, некои не. А некаде во меѓувреме заводот стана институт.

Јас лично припаѓам на онаа група која се најде себе сѝ на друго место, во други води, но ниту во еден момент не заборавив на етнологијата и на вечното мото: сė е етнологија.

ПЛЕТ, задно со уште неколку други проекти, одбележа неколку генерации студенти, одбележа многу незаборавни теренски истражувања, многу испеани песни, непреспиени ноќи, долги патувања и мноооогу эабележо/зачувано богатство.

Зошто Плет Online?

За да остане вечно. За да посведочи подолго. За да биде уште безброј пати трн во кожата или иницијална каписла. Затоа што многу луѓе не успеаа да стигнат до копија. Затоа што многумина само слушнале, или го виделе, ама никогаш не го поседувале. Затоа што некои работи седеа заробени само кај малкумина. Ете затоа.

Истражувајте!!! Откривајте!!! Инспирирајте се!!! Уживајте!!!

ПЛЕТ Online – дел од моето гордо Етнолошко минато 🙂 сега достапно онлајн. Замолувам, да ја погледнете мапата, има некои села кои сум сигурен дека сум ги лоцирал погрешно. Ако ја знаете точната локација, пишете.

2 коментари на “ПЛЕТ Online”

  1. Rada

    Darko, Hvala ti za Plet Online! On potseca i da je ono sto je radio MSED bilo inicijalna kapisla za upoznavanje i druzenje mnogih etnologa iz Makedonije, Srbije, Hrvatske i Slovenije! Mnogi od njih skrenuli su sa puta "pravovernih etnologa" ali su ti etnoloski tereni povezali ljude koji su ucestvovali na jedan poseban nacin. Meni licno priredili su najlepse trenutke u zivotu!

    Pesme su posebna prica – pravo blago!

    Rada iz Beograda

Коментарите се затворени.