Media & Marketing Blog

Конечно задоволство на лицата

По напорни и бурни превирања, преговори, препукувања и ред други фини и нефини работи донесен е законот за радиодифусна дејност во МК.Судејќи според извештајот од прес конференцијата на АПЕММ изгледа дека сите се задоволни. Да се надеваме дека е така и дека сега конечно не ќе можат дифузерите да се вадат на повластената позоција на МРТ.

Навистина се радувам кога ќе прочитам извештај за јавноста кој зрачи со позитивност и мирољубие 🙂

Повелете извадок од овој текст:

Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Mакедонија АПЕММ денеска го поздрави донесувањето на новиот Закон за радиодифузна дејност, што го усвои Собранието пред два дена.

Законот нуди квалитетни решенија и ги решава релациите меѓу државата и медиумите, јавниот и приватниот сервис, кабелските оператори и меѓу сите субјекти од радиодифиузијата, рече на денешната прес-конференција Виктор Грозданов, претседател на АПЕММ, дополнувајќи дека со донесувањето на Законот Македонија веднаш исполни една од препораките од Европската комисија.

Законот има развојна компонента која овозможува функционирање на кабловски и сателитски телевизии и движење на капиталот.

Претседателот на АПЕММ како можен проблем од решенијата што ги има Законот за радиодифузија го посочи само делот со кој приватните радио и телевизиски станици се задолжуваат да емитуваат 30 проценти домашна музичка продукција. Ова оособено ќе биде проблем за радиостаниците како што се Клуб ФМ, Антена, Џез ФМ, Сити радио и други.

Извор: НВО Инфоцентар