Media & Marketing Blog

e-society.mk први импресии

Бев на отворањето на втората конференција e-society.mk во Холидеј Ин, изутринава.

Првиот генерален впечаток, не само мој, е дека има напредок од ланската прва конференција, што донекаде се подразбира.

Ги пратев воведната и првата сесија. На кратко ќе нотирам она што јас го прибележав во мојот нотес додека се одвиваше настанот.

e-society.mk

– Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески делуваше малку старо, а неговиот говор недотеран. Тој рече дека ќе „вложи надежи” и дека ќе го направат првиот чекор за спроведување на разни иницијативи и закони, да не набројувам. Патем: јас мислев дека ова е првиот чекор
– На првата сесија интересна презентација имаше претставничката од Бугарија (г-а Деси Пефева, координатор на проект, ИСОК Бугарија: Студија на случај) но за жал и самата во текот на презентацијата, и подоцна во сесијата со прашања, призна дека некои работи не функционираат во пракса најчесто заради потребата од дигитален потпис кој е прескап за обичните граѓани

– г. Мирослав Јовановиќ (раководител на сектор за информатика, Министерство за финансии на РМ: Закон за информатичко општество) започна со цитирање на дефиниции за информација и информатичко (не информациско) општество преземени од Wikipedia. 🙂
– Конечно на јавна расправа јас да чујам некој да го постави прашањето зошто сите градат општество базирано на информации а не на информатика како ние, и зошто ние ќе правиме министерство за информатика а не за информатичко општество. Одговорот не беше задоволителен (за мене) а прашањето го поставија Интернет Македонија

Толку, утре ќе бидам присутен на некои сесии, а во петок ќе бидам дел од првата сесија. Се надевам ќе стигнам да пишам нешто во меѓувреме.

4 коментари на “e-society.mk први импресии”

  1. bezvrska

    Добро, користењето на википедија дури ми се виде и симпатично. Демек „знаеме ние што е тренди“. „Чакштавише“ дефиницијата за информационо општество беше колку-толку задоволителна. Што не може да се рече и за онаа за информација.

  2. darko156

    и мене тоа со wikipedia ми беше симпатично.

    за одговорот ич не ми се прави муабет. немало врска како ќе се вика. да тоа е точно но кога би знаеле дека компјутерите и интернетот не е се суштинската промена во општеството кое сака да стане информациско.

  3. melbourne airport tr

    Why are you stuffing all that Easter candy into your mouth? Because it doesn't taste as good if I stuff it in my ears.

Коментарите се затворени.