e-society.mk први импресии

Бев на отворањето на втората конференција e-society.mk во Холидеј Ин, изутринава.

Првиот генерален впечаток, не само мој, е дека има напредок од ланската прва конференција, што донекаде се подразбира.

Ги пратев воведната и првата сесија. На кратко ќе нотирам она што јас го прибележав во мојот нотес додека се одвиваше настанот.

e-society.mk

- Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески делуваше малку старо, а неговиот говор недотеран. Тој рече дека ќе „вложи надежи” и дека ќе го направат првиот чекор за спроведување на разни иницијативи и закони, да не набројувам. Патем: јас мислев дека ова е првиот чекор
- На првата сесија интересна презентација имаше претставничката од Бугарија (г-а Деси Пефева, координатор на проект, ИСОК Бугарија: Студија на случај) но за жал и самата во текот на презентацијата, и подоцна во сесијата со прашања, призна дека некои работи не функционираат во пракса најчесто заради потребата од дигитален потпис кој е прескап за обичните граѓани

- г. Мирослав Јовановиќ (раководител на сектор за информатика, Министерство за финансии на РМ: Закон за информатичко општество) започна со цитирање на дефиниции за информација и информатичко (не информациско) општество преземени од Wikipedia. :)
- Конечно на јавна расправа јас да чујам некој да го постави прашањето зошто сите градат општество базирано на информации а не на информатика како ние, и зошто ние ќе правиме министерство за информатика а не за информатичко општество. Одговорот не беше задоволителен (за мене) а прашањето го поставија Интернет Македонија

Толку, утре ќе бидам присутен на некои сесии, а во петок ќе бидам дел од првата сесија. Се надевам ќе стигнам да пишам нешто во меѓувреме.


Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тешка музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in МБЗ - Local Blogosphere, Local, Online, Society. Bookmark the permalink.

3 коментари на "e-society.mk први импресии"

Коментирај!