Media & Marketing Blog

Guardian.co.uk со целосен рсс фид

Не знам точно дали има некоја, микро, конкретна причина, но периодов, на глобално ниво се случија две, навидум мали но доста важни промени кога станува збор за традиционалните медиуми на Интернет.

Пред некоја недела oфицијално, на голеам врата, беше најавено дека традиционалните медиуми на интернет во своите текстови започнуваат да вметнуваат линкови кон надоврешни сајтови. Сеако еден од првите кој извести за оваа долго очекувана промена беше лидерот: NYT: Mainstream News Outlets Start Linking to Other Sites.

Втората работа ја прочитав вчера. Изгледа ќе има победник во долгата расправа за целосен или делумен фид. Овој пат добрите вести доаѓаат од вториот лидер: Guardian.co.uk: Upgrading our RSS feeds

Today guardian.co.uk rolled out a major upgrade to the RSS feeds. Our feeds now contain the full content of each article so that you can take guardian.co.uk with you wherever you prefer to get your news

Причините се бројни, но исто така бројни се и компромисите. Факт е дека има голем број на содржини, пред се мултимедијални, но и интерактивни кои доколку не се во својата оригинална форма нема да можат да ја одиграат својата улога, па токму за нив Guardian не се откажува комплетно од скратните фидови туку оди со целосни онаму каде може а дополнително во нив ќе става и реклами.

После тажната, локална, реалност од четвртокот каде беше констатирано дека сега е време да се почнело да се размислува за интернет за да може во блиска иднина на време да се преземе нешто (или нешто со тие зборови) овие промени на светско ниво некако, на не многу логичен начин, ми ја враќаат енергијата да размислувам на темиве.