Skip to content


Социјална мрежа за е-членови на парламент

Сподели

Одлична идеа од Полска. Вреди човек да ја пренесе. Не за друго, кај нас знам дека може да биде ова вистински хит со оглед на тоа што секој е во МК е политичар и има што да ги посоветува другите.

Nasz-parlament.pl (Нашиот парламент) ги поканува своите корисници да станат е-членови на парламентот и да земат учество во е-гласањето за да и го покажат на владата вистинското мислење на граѓаните.

Покрај простор за дискусија, порталот овозможува информации за закони кои се во фаза на изгласување.

Покрај линкувањето до моменталните написи во медиумите, порталот Nasz-parlament.pl исто така дава и простор на самите политичари да ги искажат своите мислења и на специјалистите да ги споделат своите извештаи кои се однесуваат на моменталните закони. Сите моментални парламентарци имаат свои страници на порталот.

Како и на секоја друга социјална мрежа, корисниците може да креираат свои профили, користат групи и форуми, да контактираат локални претставници и да се вклучат во онлајн дискусиите.

И да не ја заборавиме најважната улога на е-членовите на парламентот – гласањето! Корисниците на Nasz-Parlament.pl може да гласаат и гласаат и гласаат!

Идеата за Мојот пратеник не успеа, ај може некој ќе најде начин да лапне пари за вакво нешто.

Извор: GlobalVoices на Македонски

Share @ Ping.mk

Може да те интересира:

Категории: Society, citizen journalism, citizen media.


0 Коментари



Може да ставиш и малку HTML, ако сакаш.

или, пријави trackback.