Кога ќе почнат да заживуваат локалните весници?

via www.inquisitr.com

Одма да напоменам, постов разгледува само еден фактор или можен аспект за кој може да се претпостави дека ќе внесе малку живот во нашиве локални дневни весници. Е сега, да одам по ред.

Нели, сите знаеме дека веснициве изумираат, и дека црно им се пишува и слични такви стандардни приказни. Позитивниот дел од оваа приказна вели дека ова нема да се случи доколку тие успеат да се променат, и да се прилагодат на новиот медиумски еко-систем и сл. Нашиве тешко дека наскоро нешто сериозно ќе почнат да размислуваат во оваа позитивнава насока, но сепак еве јас ќе се обидам да посочам како би можеле да го сторат тоа.

Нели Интернетот е заканата. Но што точно од таму? Таму има многу, се и сешто, и работи кои вредат и работи кои не вредат. Меѓу другото има и теми кои ги нема во нашите весници, барем не толку колку би можело. Теми за кои на големо се дискутира и чита на Интернет. Па ако еден квалитетен дневен весник има капацитет тие истите теми да ги сработи квалитетно зошто да не поторшам малку време и да го прочитам и неговиот напис. Зошто кај нас нема:

  • Осврт на некоја практична книга, каде ќе се претстават во кратки црти поентите кои ги истакнува авторот и други познавачи на темата. Може да е книга за маркетинг, за продажба, за медиуми, за технологија, за ред други работи за кои и покрај самиот Интернет, види чудо, уште се објавуваат книги. Во последниве два дена налетав на два текста кои отвараа прашања и теми врз основа на претставување на книга. Еве го едниот пример: How to Market Your Business With Facebook
  • Истиот пример може да се искористи и за следниот совет: Далеку повеќе инфорамции за Интернет. Интернет како тема, ама не како феномен или нешто сега ајде да видиме дали е добар или лош, туку конкретно. Тој и тој со овој сервис нуди ова, постигнал тоа, еве шо вели тој, еве што велат другите. Нешто што дел од луѓето во секој случај го читаат. Секако тука не алудирам на легендарни содржини од овој тип: „Гугл“ навлезе во бизнисот за интернет-огласување (Време, број 1820, 11.11.2009)
  • реални прикази поврзани со реални луѓе на Интернет. Пред некој ден во Америка се пишуваше за судење во кое некој млад дечко како алиби ја искористил статус пораката на својот Facebook профил. Нормлано, ова може да влезе во нашите весници во рубриките Каледоскоп, или на последната страница, но за вакви теми потребни се далеку повеќе детали разгледување на можните последици, влијанија и сл. Зарем некој пронајде и презентираше искуство за враќање на изгубена лозинка или за преземен профил на некој од познатите сервиси? Јас знам најмалку две одлични, позитивни, приказни во кои наши граѓани комуницирале со сервисните служби на некои познати интернет сервиси и епилогот бил крајно поучен за сите.
  • технологија, гаџети, сервиси, понуди, производи, споредби. Ова го има крајно малку. Некои весници прават и цели додатоци за овие теми. Кога може за автомобили, зошто не и за овие работи. Секако, мотивацијата е јасна. Повеќе реклами, а тие производи и компании секако се рекламираат. Зошто кај нас сеуште не се издвои ниту еден посериозен новинар, аналитичар или сл. кој следи и коментира технологија по весници. Ако континуирано зборуваме дека Интернетот е иднината, зошто не го гледаме тоа и во дискусиите во весниците?
  • компјутерски игри, истражувања, совети. зошто никој не пишува за нив, редовно? Зарем не е тоа легитимна целна публика која може да се привлече да купи дневен весник? Зошто во весник да не прочитам текст: 5 совети за креирање подобра содржина на Интернет.

Има вакви конкретни теми уште многу. Да се разбереме, не се македонските весници на исто ниво со оние од западниот свет и со оние американските. Па затоа мора и да се соочиме дека локалните битки за враќање на нивниот сјај не се секогаш идентични со тие што ги читаме на Интернет. Треба да се изнаоѓаат локални решенија, да се погледне подлабоко дома, да видиме зошто весниците паѓаат и како може да се подмлади публиката.

Јас издвоив овде неколку предлози, но не сум само јас потенцијален читател. Што би сакал ти да видиш во дневен весник за да го купиш? Мора да има нешто :)


About Дарко Булдиоски

Дарко Булдиоски е ко-основач на NewMediaMK - Интернет маркетинг агенција и NewMediaCenter. Активно започна да работи во полето на новите медиуми пред 7 години како блогер, продолжи како предавач, консултат и тренер. Дарко слуша тека музика, игра баскет и се труди да биде најдобар татко.
This entry was posted in local, New media, print and tagged , , , , , , , . Bookmark the permalink.

7 коментари на "Кога ќе почнат да заживуваат локалните весници?"

Коментирај!