Media & Marketing Blog

e-society.mk втор ден

Денес бев во Холидеј Ин од втората сесија (Влијание на новите медиуми на применетите политики) па до крај.

Очекував интересна сесија, ама не ме воодушеви баш, особено со презентацијата на претставникот од СРД која мислам дека не беше вметната во вистинската сесија. Во секој случај презентациите на останатите двајца говорници, Кристијан Малер и Јелена Сурчулија, навестија интересна работна група за утре во вториот термин од 12 часот под наслов Слобода на изразување на интернет.

На тркалезната маса, седев баш на масата, замислете 🙂 иако дознав дека треба да седам таму неколку минути пред да започне ;). Се рабира ништо не кажав бидејќи таму се дебатираа превисоки политики за мене.

Во дискусијата, иако на самиот почеток, а и малку по доцна, еден постар чичко од УСАИД на сите им рече дека треба да се работи по практично, главни зборови на дискутантите беа: framework, law, polcy, standards, procedures, regulations, eSEE, EU, iniciatives и сл.

Навистина оваа конференција е организирана на високо ниво но мислам дека се беше ветер во магла. Се рабира секогаш има интереси исклучоци и искуства.

После вториов ден од оваа конференција почнувам да размислувам дека на Македонија и требаат 5 помали и многу поконкретни конференции во текот на годината за на крај ваква една поширока и поопшта да си има своја улога.

Преостанува третиот ден. Новината на ова издание, каде организаторите имаат испланирано повеќе практични и подетални разработувања на одредени теми. Можеби тоа е она што ќе ме натера да го порекнам претходниот пасос. На крајот на краиштата јас сум дел од утрешниот ден 🙂

Толку за денес. Доколку имам печатни грешки ве молам простете ми. Патем фала Рибаро 🙂